123ru.net
World News in Macedonian
Август
2020

Новости за 12.08.2020

Путин вели дека Русија има вакцина против ковид-19, но сомнежите растат

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија стана првата земја што одобри вакцина ковид-19, која има потенцијал да ја смести Русија во првите редови на глобалните напори за ставање крај на смртоносната пандемија на коронавирусот. Но, со оскудни информации, нецелосно тестирање и без меѓународен надзор, како што пишува Метју Луксмор, скептицизмот се шири. Еве поглед како се развива вакцината во Русија, зошто е контроверзна - и дали е прерано за медицинските истражувачи на Русија да бараат Нобелова награда.

Помпео: Европа да ја брани демократијата од Русија и Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Во Сенатот на чешкиот парламент американскиот министер за надворешни работи Мајк Помпео ја обвини Русија дека ги поткопува демократиите во Европа со дезинформации, а Кина уценувачки кампањи со цел да добие влијание во светот, и притоа ја повика Европа да ги брани своите демократски принципи и да се грижи повеќе за суверенитетот. „Треба да ја искористиме оваа средба за Чешката Република и Европа да посветат поголемо внимание на одбраната на нивните вредности, нивните демократски принципи, да се грижиме повеќе за нивниот суверенитет“... Читать дальше...

Утре продолжува конститутивната седница

SlobodnaEvropa.mk 

Претседавачот и поранешен собраниски спикер Талат Џафери, попладнево дал налог на собраниските служби да бидат подготвени утре да продолжи конститутивната седница која почна на 4ти август.  Тој за ова ги известил сите парламентарни партии, а седницата треба да заврши со избор на нов претседател на Собранието.  Поранешниот претседател на Собранието се решил на ваков чекор откако шефот на државата Стево Пендаровски најави дека утре попладне ќе му го врачи мандатот за составување на нова Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Читать дальше...



Бројот на туристи намален за над 70 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Во периодот јануари – јуни 2020 година во однос на истиот период лани бројот на туристите е намален за 71,8 отсто. Кај домашните туристи намалувањето е за 64,8, додека кај странските за 74,8 проценти. Како што соопшти Државниот завод за статистика, намален е и бројот на ноќевањата, за 71,3 отсто или за 64,1 процент кај домашните и за 75,3 отсто кај странските туристи. Бројот на туристите во јуни 2020 година изнесувал 5.210, а бројот на ноќевањата 14.179.Во однос на јуни 2019 година бројот на туристи бележи пад од 95,6 отсто... Читать дальше...

НБРМ ја затвори Еуростандард банка

SlobodnaEvropa.mk 

Народната банка денеска ја затвори банката „Еуростандард АД Скопје“ поради неисполнување минимални законски услови за работење. „Ја уверуваме јавноста дека вложивме исклучителен напор да се најде поинакво решение за банката, да не дојде до нејзино затворање,“ рече Ангеловска-Бежоска на прес-конференција. Како што соопшти гувернерката, затворањето на банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови. Читать дальше...

ССНМ: Институциите да обезбедат услови за безбедно информирање

SlobodnaEvropa.mk 

Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници апелира до институциите да овозможат услови за безбедно информирање во време на коронавирус пандемијата. „ Денеска до ССНМ реагираа повеќе наши членови за начинот на кој беше организирана прес-конференцијата на министерот за образование и наука Арбер Адеми која се одржа во зградата во која што е сместено министерството. Прес-конференцијата се одржа во просторија за состаноци на осмиот кат, во затворен простор каде присуствуваа повеќе од 20-тина новинари, сниматели и фоторепортери. Читать дальше...

Филипче: Огромен е ризикот ако училиштата се отворат од септември

SlobodnaEvropa.mk 

Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците, нивните родителите и на вработените во училиштата доколку училиштата целосно се отворат и почнат да функционираат од почетокот на септември, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче. Тој во изјава за телевизија Сител истакна дека има многу примери од различни земји во светот, кога по отворањето на училиштата заради очигледно неминовното зголемување на бројот на заразени, училиштата повторно беа затворени. Читать дальше...

Попладнево средба на Заев и Гаши

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши попладнево одржуваат средба во хотелот Белви на излезот од Скопје. Средбата за која немаше формална најава од двете партии се одржува ден пред најавеното предавање на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Средбата е и во пресрет на утрешниот заедничкиот состанок на лидерите на партиите од албанскиот политички блок што го иницира претседателот на ДУИ Али Ахмети, а на кој Гаши... Читать дальше...



Хрватска со 130, во Србија 254 новозаразени со ковид 19

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 130 новозаразени од коронавирус, така што во моментот има 686 активни случаи, вклучително и 35 здравствени работници. Хрватските медиуми јавуваат дека повеќето од новите случаи со вирусот се заразиле во ноќни клубови во Далмација поради што Националниот штаб ги сменил препораките за ноќните клубови, со забелешка дека не треба да работат затворените делови. Во Србија, пак, во изминатите 24 часа биле тестирани 8.768 лица, а 254 од нив биле позитивни. Читать дальше...

Нема одлука за ПЦР-тест за граѓани кои транзитираат низ земјава

SlobodnaEvropa.mk 

Засега нема одлука за воведување ПЦР-тестови за граѓаните што транзитираат низ Македонија. На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести била разгледана информацијата за воведување тестови при транзит на граѓаните од ризичните земји. Од Комисијата соопштуваат дека ќе продолжат да ја следат ситуацијата и доколку се утврди дека има потреба, не се исклучени дополнителни мерки. Со постојните мерки граѓаните што транзитираат низ земјава потпишуваат изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјата... Читать дальше...

Во училиште или дома - Неизвесност до крај

SlobodnaEvropa.mk 

Конечно решение за почеток на школската година нема ни денеска, консултациите продолжуваат, а со нив и неизвесноста. Не се исклучува и одложување на учебната година. Каква и да е одлуката, поради епидемијата, таа може да се смени и на само еден ден пред почетокот на школската година.

Пендаровски vs. Џафери - отворен е патот за доделување мандат за Влада

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот се консултираше со еминентни правни имиња и заклучокот беше јасен: за да се смета дека Собранието е конституирано, потребна е верификација на мандатите на пратениците, а не нечиј избор, велат од кабинетот на Пендаровски коментирајќи ја изјавата на на претседавачот на конститутивната седница Џафери.

Ако нема влада ќе се продлабочи кризата

SlobodnaEvropa.mk 

Скромните соопштенија и изјави на политичарите за формирањето на владиното мнозинство не кажуваат многу дали земјава наскоро ќе добие влада, која, според аналитичарите Клековски и Муслиу е неопходна за да се справува со коронавирусот

Трката по вакцина за ковид-19 личи на трката во вооружување

SlobodnaEvropa.mk 

Соединетите држави постигнаа договор со Модерна за снабдување 100 милиони дози од експерименталната вакцина против коронавирус. Станува збор за договор вреден 1,5 милијарди долари. Претходно Русија соопшти дека станала првата земја во светот која дала регулаторно одобрување на вакцина за ковид-19, потег кој Москва го оцени како доказ за нејзината научна моќ. Експертите страхуваат дека ова се повеќе личи на трка која не води кон справување со пандемијата.

Македонија доживува демографска старост

SlobodnaEvropa.mk 

Иако во последните 25 години податоците на ДЗС покажуваат постојан пад на природниот прираст, лани и официјално во земјава починале повеќе лица, отколку што се родиле. Иселувањето на младото, репродуктивно население, но и недостигот на мерки за развој на соодветна популациона политика се главните причини за ваквиот тренд

Спорт в России и мире
Москва

Sitronics Group рассказала о достижениях компании в области корпоративного спорта


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Александрова обыграла первую ракетку мира на турнире WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге об открытии завода по производству экологичной полимерной продукции





Путин в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о подготовке кадров в области архитектуры и реставрации


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

«Зеленский кричит»: польский генерал рассказал, что творится в Киеве


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт группы "Пикник" начался с минуты молчания в память о погибших в "Крокусе"



Москва

ТАСС: следствие просит суд арестовать девятого фигуранта дела о «Крокусе»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net