123ru.net
World News in Macedonian
Август
2020

Новости за 02.08.2020

Активисти го блокираа пристапот на камионите со отпад до Русино

SlobodnaEvropa.mk 

Триесетина активисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ и граѓани од околните населби денеска го блокираа пристапот на камионите кои носат отпад на регионалната депонија. Тие со жив штит застанаа локалниот пат од Дона Бањица кон месноста Русино и најавија дека блокадата ќе трае наредните десеттина дена. Активистите по поставувањето на блокадата ги истакнаа и барањата кои доколку се исполнат ќе ги прекинат блокадите. Засега е неизвесно каде ќе се транспортираат околу... Читать дальше...

Напад на камп за раселени во Камерун

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 13 луѓе загинаа, а неколку други се повредени при гранатирање на камп за раселени лица во Камерун. Локалните власти за нападот ја обвинуваат исламистичката група Боко Харам. Неидентификувани лица фрлиле гранати врз група луѓе во камп на границата на Камерун со Нигерија, соопштија локалните власти. Ослободени 72 заложници на Боко Харам Радикалните милитанти на Боко Харам се обидоа да воспостават исламски калифат во западна Африка во изминатата деценија, при што загинаа многу луѓе. Читать дальше...

Истражувачите помалку оптимисти за вакцината за ковид-19 од руските власти

SlobodnaEvropa.mk 

Истражувачите кои стојат зад една од двете руски кандидатски вакцини против новиот коронавирус, кои се во процес на одобрување во земјата, велат дека планираат да започнат со производство во ноември, оспорувајќи ги тврдењата на руските власти дека планираат голема кампања за вакцинирање во октомври. Директорот на Државниот истражувачки центар за вирологија и биотехнологија Вектор, Ринат Максјутов, денеска процени дека неговата компанија ќе почне со производство на вакцината во ноември. „Значи... Читать дальше...



Филипче со порака - Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет

SlobodnaEvropa.mk 

Лежалката на плажа лесно се заменува со болнички кревет. Да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19, да го зачуваме нашето здравје, но и здравјето на нашите родители, баби и дедовци, затоа што нема ништо поважно од грижата за нашите најблиски, објави денеска на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. За празничниот викенд посебно работно време на итните медицински служби Тој повторно укажа на препораките: Носи заштитна маска, одржувај физичка дистанца, не се групирај и често миј ги рацете.

СЗО очекува „долго траење“ на пандемијата на коронавирус

SlobodnaEvropa.mk 

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека времетраењето на пандемијата на коронавирус веројатно ќе биде долго, со оглед на тоа што многу земји забележуваат рекорден број заболени, а други се плашат од втор бран на вирусот. Нивната проценка доаѓа шест месеци откако го прогласија новиот коронавирус како закана за јавното здравје која предизвикува меѓународна загриженост. По појавувањето во Кина кон крајот на минатата година, новиот коронавирус досега однесе повеќе од 681 илјади живот... Читать дальше...

Коневски по говорот на Мицкоски - Редно е да си одиш

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски реагираше на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за Илинден. Тој во реакцијата вели дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се однесувал срамно и на овој голем ден. „Кога сите треба да се обединиме, ти пак посегна по клеветење и навреди. Сите ние што те повикуваме да си дадеш оставка ѝ посакуваме добро на партијата, а ти очигледно си немоќен да се справиш со искрените критики. Со ова го допре дното и уште... Читать дальше...

На Чешка ѝ се потребни 3,5 милиони вакцини против ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Чешка проценува дека ќе ѝ бидат потребни околу 3,5 милиони вакцини против ковид-19, за од прилика една третина од населението, кога некоја од вакцините ќе биде одобрена, а владата се надева дека ќе успее да ги набави преку Европската унија, која полесно од малите земји преговара со фармацевтските компании. „На почетокот имаше преку 160 кандидати за вакцини. Сега првите 20 влегуваат во навистина финален облик. Мојата идеа е дека треба да биде за ризичните групи. Такви луѓе во Чешка може да има 3 до 3,5 милиони“... Читать дальше...

Нови 166 случаи со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Во последните 24 часа се направени 1.419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи со ковид-19. И понатаму во Скопје има најмногу -47, следни се Штип со 23 и Куманово со 17, Гостивар-15, Тетово и Кичево по 12, Македонски Брод-10, Кавадарци-9, Охрид 3, Виница, Свети Николе и Неготино по два,  Гевгелија Струмица, Демир Хисар, Дебар и Битола по еден.  Починати се четири пациенти, еден од Скопје (77 г.), еден од Кичево (72 г.), еден од Штип (58 г.) и еден од Битола (70 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. Читать дальше...



Се зголемува бројот на шумски пожари во Амазон

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на шумски пожари во бразилски Амазон се зголеми за 28 проценти во јули во однос на истиот месец минатата година, што ја зголеми загриженоста дека „белите дробови“ на планетата и оваа година ќе бидат уништени од пожари. Бразилската национална вселенска агенција вчера соопшти дека забележале 6801 пожари во Амазон минатиот месец, за разлика од 5318 во јули 2019 година. Организациите за заштита на животната средина се загрижени дека зголемувањето на пожарите во јули може да биде предвесник за уште полоша ситуација во август. Читать дальше...

Јавниот долг достигна речиси 60 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг 50,7 проценти, соопшти Министерството за финансии. Покачувањето на јавниот и државниот долг во вториот квартал, како што посочуваат оттаму, се должат пред се на повлекувањата на средствата преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на ковид - кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата... Читать дальше...

Илинденски пораки - Повици за заедништво и борба со ковид-19

SlobodnaEvropa.mk 

Граѓанското помирување е основен услов за функционирање на демократско плурално општество, порача претседателот Стево Пендаровски за Илинден. За „едно општесто за сите“ и за членство во НАТО, зборуваше премиерот Оливер Спасовски. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се извини за грешките на партијата во минатото. Сите говорници зборуваа и за битката со ковид-19.

Авганистански разузнавачи тврдат дека е убиен висок лидер на Исламската држава

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанската разузнавачка служба синоќа објави дека специјалните сили во земјата убиле висок разузнавачки претставник на милитантната организација Исламска држава (ИД). Националниот директорката за безбедност на Авганистан соопшти дека Асадула Оракзаи, кој бил осомничен за вмешаност во бројни крвави напади врз авганистанската војска и врз цивилни цели, бил убиен во операција во близина на Џалалабад, но не прецизираше датум. Обединетите нации во последниот извештај предупредуваат дека Исламската... Читать дальше...

Пронајдени 10 мигранти “ на патот Слупчане-Ваксинце

SlobodnaEvropa.mk 

Десет мигранти биле пронајдени синоќа, неколку минути пред полноќ, на локалниот пат село Слупчане-село Ваксинце, соопшти Министерството за внатрешни работи(МВР). Полицијата соопшти дека мигрантите од Пакистан, Сирија и БАнгладеш биле пронајдени во патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки. Како што денеска информираат од МВР полицијата се обидела да го запре патничкото моторно возило „рено лагуна“, кое не застанало, а потоа пред влез на село Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото... Читать дальше...

Лукашенко – Русија го прикрива обидот за дестабилизација на Белорусија

SlobodnaEvropa.mk 

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја обвини Русија дека се обидува да го прикрие обидот да испрати 200 војници од приватна руска воена компанија во Белорусија, на мисија за дестабилизирање на земјата во пресрет на претседателските избори на 9 август. Лукашенко ова го изјави вчера откако рече дека го прочитал првичниот извештај од истрагата за наводната завера од страна на членови на Вагнер груп, приватна руска воена компанија, за која се верува дека е под контрола на влијателен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин. Читать дальше...

Во Црна Гора за 92 проценти помалку туристи од лани

SlobodnaEvropa.mk 

Црна Гора во екот на сезоната ја посетиле за 92 отсто помалку туристи, покажуваат податоците на Националната туристичка организација. Земјата оваа сезона ја посетиле малку повеќе од 15.000 туристи, што е за 92 проценти помалку во однос на истиот период минатата година. Хотелиерите и сопствениците на туристички апартмани велат дека речиси ги преполовиле цените, со цел да останат барем на позитивна нула. Тие не очекуваат да имаат подобра заработка во остатокот од сезоната. Светскиот туризам... Читать дальше...

Денот на Републиката се одбележува под маски

SlobodnaEvropa.mk 

Денот на Републиката 2 Август, на кој се празнуваат двата историски Илиндена, 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, поради епидемијата се чествуваат без масовни собири и културно-уметнички програми и со здравствени протоколи за заштита од ковид-19 кои ги утврди Комисијата за заразни болести и ги усвои Владата. „Победа за сите“ е заедничкиот лајтмотив на свеченостите кои денеска се одржуваат во Крушево, Пелинце и во Скопје. Оваа година чествувањата се според... Читать дальше...

Бројот на новозаболени од ковид-19 под 10 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на новозаразени лица од ковид -19 падна под 10 отсто. Според податоците од вчера на Министерството за здравство, од направени 1621 тестови регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 или околу 8,5 отсто, од нив најмногу се во Скопје – 47 новозаболени. Во земјава во моментов активни се вкупно 3.700 случаи на ковид-19, од нив најмногу случаи се регистрирани исто така во Скопје 1426, од кои активни случаи по општини најмногу има во Чаир-168, Аеродром со 161 и Кисела Вода со 158. Што ако никогаш не се развие вакцина за ковид-19? Читать дальше...

Сончево и топло, температура до 36 степени

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Дневната температура ќе се движи од 26 до 36 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Дневната температура ќе достигне до 33 степени.

Театарот моментално е замрен

SlobodnaEvropa.mk 

Нема актер кој во моментов не се чувствува како да е неправедно осуден, вели актерката и водачот на СКРМ Сања Арсовска во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Со неа разговараме за театарот во време на светска пандемија, неговата иднина и за синдикалната борба.

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудник ОМОН «Крепость» стал бронзовым призером на соревнованиях Центрального округа Росгвардии по боксу


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

П’ять українок отримали суперниць в основі турніру WTA 1000 в Мадриді: результат жеребкування


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Результативность, вовлечённость, трудоголизм — где грань? Книга от автора российской модели факторов вовлечённости персонала.





Путин в России и мире
Москва

Владимир Путин поздравил ветеранов с 50-летием начала строительства Байкало-Амурской магистрали


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Проводивший панихиду по Навальному* священник запрещен в служении



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Тимати

«Это не предел»: полуголый Тимати показал свою физическую форму



Москва

Синхронистка Гелена Топилина провела мастер-класс в Химках

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net