123ru.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2018

Новости за 21.09.2018

Тодоров: ВМРО-ДПМНЕ не смее да си дозволи да биде водена од структури кои се маргинални

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот вицепремиер и министер за здравство во владата на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров вечерва рече дека треба да се излезе на референдум и го повтори неговиот личен став дека тој ќе гласа на „за“ ЕУ и НАТО, но против договор или како што рече, тоа се викало протестно гласање “Против бојкот сум од причина што политичкиот простор за бојкот претходно беше веќе заземен од политички структури кои се маргинални или кои имаат различни стратешки структури од ВМРО-ДПМНЕ и ги немаат во нив членството во НАТО и ЕУ. Читать дальше...

Лавров: Русија со ништо не се обидела да влијае на референдумот во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска во Бања Лука негираше дека Русија се меша во исходот на референдумот за името во Македонија, јави новинската агенција ФЕНА, а пренесува МИА. “Русија со ништо не се обидела да влијае на исходот на референдумот за името во Македонија, додека пак гледаме како бројни европски и американски функционери навиваат за исходот на референдумот”, изјави Лавров. На средбите со претседателот на Република Српска, Милорад Додик и со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ... Читать дальше...

Неделен печат - Бојкот и скандалите на власта

SlobodnaEvropa.mk 

Неделникот Фокус анализира дали бојкотот на референдумот е чин на кукавичлук или, пак, чин на врвна храброст. Капитал пишува дека зад „скандалите“ на власта не стои ВМРО-ДПМНЕ, други центри, претежно блиски на Илинденска.



Коцијанчич: Приштина и Тирана да ги почитуваат условите на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска ги предупреди Приштина и Тирана дека имаат обврска во целост да ги почитуваат одредбите од Спогодбата за асоцијација и стабилизација кои се однесуваат на коректно управување со границите. “И Косово и Албанија се обврзаа на коректно управување со границите и граничните премини, со целосно почитување на условите кои произлегуваат од Спогодбата за асоцијација и стабилизација со ЕУ. Ние очекуваме тие да се однесуваат во согласност со тоа”, порача Коцијанчич. Читать дальше...

Ципрас и Каменос ќе разговараат за Договорот од Преспа во март

SlobodnaEvropa.mk 

Во март следната година коалициските партнери во грчката Влада, Алексис Ципрас и Панос Каменос одново ќе разговараат за договорот од Преспа. Ова според грчката новинска агенција АНА-МПА било тема на средбата на грчкиот премиер и министерот за одбрана. Како што јави дописничката на МИА од Атина, за средбата нема официјални информации, а АНА-MПA, повикувајќи се на владини извори пишува дека Ципрас и Каменос се согласиле дека во “овој момент она што е најважно за земјата е обединетоста и политичката стабилност”... Читать дальше...

„Еволуција на еден сон“ како културен мост кон светот

SlobodnaEvropa.mk 

Со изложба на делата на македонските уметници настанати на првото издание, перформанси, презентации и концерт што заеднички го потпишуваат неколкумина португалски, шпански, африкански и домашни творци, в понеделник, на 24 септември, од 16 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи второто издание на проектот „Еволуција на еден сон“. Овојпат со идеја да биде зачеток на едно движење кое се залага за промоција и развој на македонската култура и уметност во меѓународни рамки.

Нухиу со часови сведочи за случувањата на 21 април

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска во Кривичниот суд во тек е продолжение на судското рочиште за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Тоа продолжи со сведочење на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, новинарката Душица Мрѓа, заменик министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и вработени во МВР. Нухиу во своето сведочење тврдеше дека тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност  Митко Чавков на агресивен начин одговорал на неговите прашања вечерта кога се случуваше инцидентот, одговарајќи му “што мислиш што се случува, народ се случува”. Читать дальше...

Трамп бара докази од жената која го обвини Кавано за сексуален напад

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја повика Кристин Бласеј Форд да достави докази за своите тврдења дека кандидатот за судија на Врховниот суд Брет Кавано сексуално ја нападнал. Трамп постави и прашање зошто ФБИ не биле повикани за време на наводниот напад во 1982 година. Номинацијата на Кавано е стопирана додека се проценува обвинението од Форд. Двајцата се согласија да сведочат пред комитетот во Сенатот, но Форд... Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ бара да се објават уставните измени, СДСМ тврди дека е гарантиран идентитетот

SlobodnaEvropa.mk 

Владата, министерот Никола Димитров како потписник на договорот и Зоран Заев како договарач на овој документ, мора да престанат со криење, а гласачите мора да ги знаат вистинските факти за да донесат правилна лична одлука на 30-ти септември, рече денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. “Власта во оваа кампања мора да ги даде клучните одговори, да ги запознае граѓаните со клучните моменти за што е референдумот и да не ги доведува граѓаните во заблуда. Тие мора да ги знаат сите факти... Читать дальше...

Рама не се изјасни дали е за или против менување на границите

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи ја идејата за менување на границите меѓу Косово и Србија, рече дека тоа е историска шанса што доаѓа еднаш на 30 години иако, како што додаде, се уште нема некоја финална идеја за ова прашање. Рама не се изјасни директно за или против менувањето на границите, кое го предложија претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи. “Моето мислење е ова: јас немам одговор за да кажам дека ова е решение, но можам да кажам дека не е критика за Хашим Тачи... Читать дальше...

Меј бара од ЕУ алтернатива за Брегзитот

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј порача дека Европската унија мора да пронајде алтернатива на нејзините предлози за Брегзитот предупредувајќи дека никогаш нема да се согласи на растурање на Обединетото Кралство. "Јас нема да ги менувам резултатите од референдумот, ниту ќе ја растурам својата земја. Потребно ни е сериозно ангажирање за да се решат двата главни проблеми во преговорите и ние сме спремни", рече Меј. Ден откако лидерите на ЕУ ги отфрлија клучните делови од нејзиниот предлог за Брегзит таа оцени и дека преговорите се во ќорсокак.

Лавров од Сараево порача дека никој не треба да создава конфликти на Балканот

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, на заедничка прес-конференција со босанскиот колега Игор Црнадак во Сараево изјави дека никој од надвор не треба да создава конфликтни ситуации на Балканот и да претендира на целосна контрола над регионот. “Никој од таквите надворешни играчи не треба да претендира дека тој ќе го контролира Балканот, а на другите да им е забранет влезот. Нашата земја тесно и продуктивно соработуваше и со Европска унија и со САД, вклучително и при усогласувањето на Дејтонскиот договор. Читать дальше...

Македонија и Грција ќе потпишат меморандуми за енергетска соработка

SlobodnaEvropa.mk 

Претставници на македонската и грчката влада на средба во понеделник и вторник во Скопје ќе потпишат два меморандуми, еден за изградба на гасовод, а друг за електрични поврзувања на двете земји. Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис заедно со претставници од Операторот на националниот систем за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) и на Независниот оператор за пренос на електрична енергија на грчката електродистрибуција (АДМИЕ), во понеделник и вторник доаѓаат во... Читать дальше...

Формиран Судско-медиумски совет за отворање на судовите кон јавноста

SlobodnaEvropa.mk 

11 новинари од различни медиуми и 10 судии се дел од новоформираниот Судско-медиумски совет кој беше промовиран денеска во присуство на американскиот амбасадор Џес Бејли и министерката за правда Рената Дескоска. СМС е формиран за подобрување на комуникацијата на судиите и новинарите во насока на поголема соработка и отворање на судовите кон јавноста. За претседател на Советот е избрана Гордана Дувњак од „ТВ1“, а за потпретседател Илир Сулејмани – претседател на Основниот суд – Скопје 2. Советот... Читать дальше...

АВМУ: Анкети за референдумот може да се објавуваат до 24 септември

SlobodnaEvropa.mk 

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Од АВМУ соопштија дека резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24 септември 2018 година. Рефендумскиот молк започнува 48 часа пред денот на гласањето, односно на 28 септември 2018 година и завршува со затворањето на гласачките места во 19 часот на 30 септември 2018 година. Читать дальше...

Повеќе од 100 загинати откако потона траект во Танзанија

SlobodnaEvropa.mk 

Државните медиуми во Танзанија објавуваат дека повеќе од 100 луѓе се загинат при несреќа на траект на Езерото Викторија. Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда. Телата на повеќе од 100 жртви беа пронајдени денеска пред пладне, а се смета дека дополнително десетици луѓе се исчезнати, додека потрагата по нив продолжува. Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе... Читать дальше...

Сведочења за насилствата во Собранието на 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Со сведочење на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш и новинарката Душица Мрѓа, денеска продолжи рочиштето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Дудуш во судницата рече дека се сеќава оти на 27 април бил во галеријата на прес-салата во Парламентот, кога влегле поголема група на демонстранти кои извикувале „ќе бидете убиени.“ Тој рече дека надвор од прес-салата го препознал Игор Дурловски. На прашање на обвинителот Еленко Миланов каде го видел Дурловски, Дудуш рече дека... Читать дальше...

Обвинителството ќе следи евентуални нерегуларности на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Јавното обвинителство ќе следи евентуални противправности при организирањето и спроведувањето на референдумот. За таа цел е формирана Комисија, а за претседател е назначен обвинителот Џељаљ Бајрами, информираат од Обвинителството. Оттаму наведуваат дека Комисијата ќе следи евентуални противправности со извршување кривични дела од Глава шеснаесет: Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на референдумот на 30 септември. Читать дальше...

Кукан и Флекенштајн сакаат брз евро-атлантски пат за Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Не размислуваме за план Б доколу референдумот не успее. Сакаме да видиме позитивен резултат, кој ќе го отвори и забрза евроатлантскиот пат на Македонија, порачаа пратениците на Европскиот Парламент Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

«Посмотрите на этих губастых»: Розенбаум разгромил любителей пластики





Персональные новости
Арцах

Вывод российского контингента из Арцаха – подарок Алиеву. Фоторяд





Судење зад затворени врати на чеченскиот активист Титиев

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот Центар за човекови права „Меморијал“ соопшти дека судија во Чеченија наредил постапка зад затворени врати во судењето на Ојуб Титиев, еден од водечките активисти за човекови права во Русија. Прес-службата на „Меморијал“ денеска соопшти дека судијата во Градскиот суд во градот Шали во Чеченија го одобрил барањето на обвинителот за затворени рочишта на 61-годишниот шеф на канцеларијата на „Меморијал“ во Чеченија. Обвинителот тврди дека документите во случајот на Титиев содржат државни тајни... Читать дальше...

ДИК ќе ги разгледува барањата за набљудување на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледаат барања за добивање овластувања за набљудување на референдумот на 30 септември. Барања се поднесени од Шведската национална телевизија, СВС Вести - Австралија, Новинската агенција Блумберг Њуз - Велика Британија, Руската државна новинска агенција РИА, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Австриската радио телевизија, Продуцентската куќа Вијс - САД, Асошиејтед Прес, ОБСЕ ОДИХР (надополнување), Амбасатадата на Франција, Ал Џезира - Англиски јазик и Ал Џезира - Балкан. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ како расштиман оркестар

SlobodnaEvropa.mk 

Ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ, упатените очекуваат да ескалира до референдумот и по него, откако дел од пратениците се изјаснија дека нема да гласаат, а дел повикаа да се излезе на референдумот. Проблемот, според нив, е што ВМРО-ДПМНЕ нема прецизен став за референдумот.

Потона тракет во Танзанија, најмалку 86 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Државните медиуми во Танзанија објавуваат дека најмалку 86 луѓе се загинати при несреќа на траект на Езерото Викторија. Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда. Се смета дека десетици други се водат за исчезнати, но оти потрагата продолжува. Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе, но точниот број на патници се уште не е јасен. Читать дальше...

Потона траект во Танзанија, најмалку 86 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Државните медиуми во Танзанија објавуваат дека најмалку 86 луѓе се загинати при несреќа на траект на Езерото Викторија. Џон Монгела, гувернер на регионот Мванза во Танзанија, денеска изјави дека најмалку 37 преживеани биле спасени откако траектот се превртел во езерото кое е опкружено од Танзанија, Кенија и Уганда. Се смета дека десетици други се водат за исчезнати, но оти потрагата продолжува. Првичните проценки укажуваат дека бродот носел повеќе од 300 луѓе, но точниот број на патници се уште не е јасен. Читать дальше...

Најмалку 15 загинати во судир на автобус и камион во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Властите во западниот дел на Авганистан соопштија дека најмалку 15 луѓе, вклучително три жени и две деца, се убиени денска кога автобус удрил во камион на авганистанскиот автопат 1, на клучката која го поврзува градот Херат со Кабул. Најмалку 30 други лица се повредени во несреќата во областа Позак во западната провинција Фарах, велат официјалните лица. Насир Махри, портпаролот на гувернерот на провинцијата Фарах, за РСЕ изјави дека автобусот патувал од провинцијата Харат во Кандахар кога се случила несреќата. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Сотрудник ОМОН «Крепость» стал бронзовым призером на соревнованиях Центрального округа Росгвардии по боксу


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

«Не хочется ни от кого зависеть». Елена Рыбакина поставила новую цель


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В Кабардино-Балкарии стартует крупнейшая экологическая акция «Вода России»





Путин в России и мире
Москва

Путин сказал Алиеву: "Пора!". Новый БАМ пройдет через Кавказ. Транспортным коридором "Север — Юг" Россия и Азербайджан перешли дорогу Западу


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

VII Всебелорусское народное собрание: основные заявления Александра Лукашенко




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

В РПЦ отказались называть причины запрета в служении иерея Сафронова, отпевавшего Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт «Юрий Башмет, Константин Хабенский, ансамбль «Солисты Москвы». К. Сен-Санс «Карнавал животных»



Москва

На северо-востоке столицы появится производство ортопедических изделий

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net