Трамп бара докази од жената која го обвини Кавано за сексуален напад
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп преку објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ја повика Кристин Бласеј Форд да достави докази за своите тврдења дека кандидатот за судија на Врховниот суд Брет Кавано сексуално ја нападнал. Трамп постави и прашање зошто ФБИ не биле повикани за време на наводниот напад во 1982 година. Номинацијата на Кавано е стопирана додека се проценува обвинението од Форд. Двајцата се согласија да сведочат пред комитетот во Сенатот, но Форд постави услови за своето појавување за кое се уште се нема изјаснето правосудниот одбор.