Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2018

Новости за 13.09.2018

ОН: Во епидемија на колера во Нигер починале 55 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Во епидемијата на колера во Нигер починале 55 лица, додека неколку илјади лица се заболени, посебно на подрачјето во близина на Нигерија, соопшти Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања во Нијамеј. Во претходниот извештај со податоци до средината на август, беа починати над 20 лица. Колерата е многу заразна болест, од која може да се умре за неколку часа доколку не биде укажана лекарска помош. Најчесто се јавува во средини каде има лоши хигиенски услови.

Чекајќи ги Законот и Колективниот договор – културата на дното

SlobodnaEvropa.mk 

Културата и натаму е на дното во државните приоритети, сметаат членовите на Синдикатот на култура на Република Македонија. Незадоволни од бавното решавање на наталожените проблеми, тие се решија наново да ѝ ги предочат на јавноста, а не се исклучува и радикализација на нивниот отпор.

Трамп ги оспори бројките за жртви во минатогодишниот ураган во Порторико

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли официјалните податоци дека во Порторико, како последица на минатогодишниот ураган Марија, животот го загубиле 3.000 лица. Тој ги обвини демократите дека го зголемиле бројот на жртви за „да го прикажат во лошо светло“. Трамп на Твитер напиша дека 3.000 лица не ги загубиле животите во бурата. „Кога го напуштив островот, по бурата, беа од шест до 18 жртви. Потоа, по подолго време, почнаа да известуваат за многу големи цифри, како што е 3.000,“ напиша американскиот претседател на Твитер. Читать дальше...



Могерини и Мичел: Референдумот историска шанса за граѓаните

SlobodnaEvropa.mk 

Во посета на Македонија и на средби со премиерот Зоран Заев денеска беа шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Арон Вес Мичел. Двајцата со идентични пораки, граѓаните да излезат и да гласаат на референдумот, бидејќи на нив е да ја донесат одлуката за иднината на Македонија.

Главна тема во весниците - Ставовите на Мицкоски и на Црвенковски за референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да ги повика граѓаните да постапат по сопствено убедување на референдумот, како и повикот од поранешниот претседател Бранко Црвенковски да се гласа „За“, се главни теми во дневниот печат.

Амбасада на САД: Не бевме консултирани за законите за формирање војска на Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Амбасадата на Соединетите Држави во Приштина соопшти дека не била консултирана од косовската Влада во врска со одлуката за усвојување пакет закони за трансформација на Безбедносните сили на Косово (ФСК) во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. „Соединетите Американски Држави секогаш го поддржувале сувереното право на Косово да има војска и соработуваа тесно со Косово за остварување на таа цел. Ние не бевме консултирани за времето кога е донесена одлуката и треба да ги анализираме... Читать дальше...

Мичел: Искористете го вашето право и излезете да гласате

SlobodnaEvropa.mk 

„Оваа е одлука што само Македонците може да ја донесат и затоа ги охрабрувам сите да го искористите вашето право, но и одговорност и на референдумот да излезете и да гласате“, порача американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев. На новинарско прашање за последиците доколку референдумот не успее, тој рече дека не сака да шпекулира. Мичел ја потврди поддршката на САД за Македонија додавајќи дека неговата земја е заинтересирана... Читать дальше...

Вучиќ: Гаранциите за членство во ЕУ да бидат дел од договорот со Приштина

SlobodnaEvropa.mk 

" Ако некогаш постигнеме каков било договор со Приштина, Србија би можела да добие јасни гаранции дека ќе стане членка на ЕУ во 2025 година", изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ.  Белград и Приштина од 2013 година се посветени на дијалогот под покровителство на ЕУ, со цел подобрување на односите и решавање на сите отворени прашања меѓу двете страни, но дека оттогаш не е постигнат голем напредок.



Германија и Италија постигнаа договор за враќање на мигрантите

SlobodnaEvropa.mk 

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер соопшти дека Берлин постигнал договор со Рим за враќање од германска граница на мигранти кои веќе поднеле барање за азил во Италија и изрази очекување дека наскоро ќе биде потпишан. „Само што дознав дека е постигнат договор и со Италија. Ни требаат само двата потписи - на италијанскиот колега и мојот,“ рече Зехофер во Бундестагот и додаде дека тоа најверојатно ќе потрае неколку дена. Во август германската Влада се договори со Грција и Шпанија... Читать дальше...

Турската банка ја подигна каматната стапка на лирата

SlobodnaEvropa.mk 

Турската централна банка значително ја подигна референтната каматна стапка од 17,75 на 24 отсто, за да ја скроти инфлацијата и да ја поддржи домашната валута која годинава бележи големи загуби. Монетарниот одбор на Турската централна банка ја подигна стапката и покрај изјавите на претседателот Реџеп Таип Ердоган во која се спротистави на зголемување на каматите. Турската лира почна да се опоравува набрзо после оваа објава на банката. Претходно во текот на денот, лирата падна за 3 отсто во однос на доларот. Читать дальше...

Могерини: На 30-ти септември, Вие го имате клучот за вашата иднина

SlobodnaEvropa.mk 

„На 30-ти септември кога ќе излезете на гласање, запамтете дека вие го имате клучот за вашата иднина. Немојте да молчите, клучевите се кај вас и немојте да ја пропуштите ова можност, бидејќи се работи за вашата иднина,“ порача шефицата на европска дипломатија Федерика Могерини по денешната средба со премиерот Зоран Заев во Старата чаршија. Могерини истакна дека вратите на ЕУ остануваат отворени за Македонија и дека само со заедништво и посветеност може да се постигне многу во однос на просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот. Читать дальше...

Британија: Рекорден број осудени за тероризам

SlobodnaEvropa.mk 

Бројот на осудени лица за тероризам во Велика Британија достигна најголема бројка од 2009 година, откога се следи таа статистика. „Не само што успешно осудуваме повеќе луѓе отколку претходно, туку и најлошите престапници ги праќаме во затвор на подолго време, што помага за јавната безбедност,“ изјави заменик- асистентот на комесарот на полицијата Дин Хејдон. До 30 јуни оваа година, 90 лица беа осудени за тероризам, соопшти полицијата, додавајќи дека бројот на апсења во врска со тероризам е намалаен за 22 отсто (од 449 на 351).

Разговори меѓу ЕУ и Западен Балкан за прием на бегалци во регионот

SlobodnaEvropa.mk 

Австрискиот министер за внатрешни работи Херберт Кикл рече дека и понатаму се разговара со земји од Западен Балкан за основање центри за прифаќање азил во тие држави. Во изјава за новинарите по состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан во Виена, Кикл не сакаше да каже за кои земји станува збор: „Ние не сакаме јавна дебата пред да „снесеме јајце", рече Кикел. Идејата за формирање „центри за враќање" иницирана од Австрија и Данска предизвика противење во земјите од Западен Балкан. Читать дальше...

Бушати: Албанците во Македонија да го поддржат Преспанскиот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот меѓу Македонија и Грција има исклучително значење за демократската стабилност во регионот и за нашата заедничка евроатлантска перспектива, изјави денеска шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на прес-конференцијата со неговиот македонски колега Никола Димитров. Бушати апелираше граѓаните на Македонија, особено на Албанците, да дадат поддршка на „историскиот Преспански договор.“ „Сите се согласуваме дека Албанците кои живеат во Македонија ќе бидат огромни поддржувачи на процесите... Читать дальше...

МПЦ-ОА: Граѓаните по свое уверување ќе се изјаснат на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија смета дека граѓаните на Република Македонија се политички зрели и оти на претстојниот референдум слободно по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор. „Светиот архиерејски синод на МПЦ - ОА ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на престојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор“... Читать дальше...

Странците даваат поддршка, на Македонија ѝ останува да гласа

SlobodnaEvropa.mk 

Поддршка на Договорот со Грција за името и на референдумот на 30 септември денеска дадоа високите дипломати кои се во посета на Македонија. Тие на средбите со политичкиот врв ги поздравија чекорите на земјата за интегрирање во ЕУ и НАТО. Во посета на Македонија се шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања, Арон Вес Мичел и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.

Странциите даваат поддршка, на Македонија ѝ останува да гласа

SlobodnaEvropa.mk 

Поддршка на Договорот со Грција за името и на референдумот на 30 септември денеска дадоа високите дипломати кои се во посета на Македонија. Тие на средбите со политичкиот врв ги поздравија чекорите на земјата за интегрирање во ЕУ и НАТО. Во посета на Македонија се шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, американскиот помошник-државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Арон Вес Мичел и министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати.

ЕП ја потврди препораката за укинување на визите за Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент со мнозинство гласови денеска ја потврди препораката за визна либерализација за граѓаните на Косово. За препораката гласаа 420 европски пратеници, 186 беа против и 22 воздржани. По денешното гласање ЕП го одобри отворањето на преговорите со Советот на министри. Официјалните претставници од земјите членки на ЕУ ќе разговараат за ова прашање на 17 септември. Извори блиски до разговорите за РСЕ велат дека особено Франција и Холандија не се подготвени да му дадат на советот мандат за преговори. Читать дальше...

Заев: Нема да ја испуштиме шансата за просперитетна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Претстојниот референдум за Договорот со Грција е најдобрата шанса која нема да ја пропуштиме, бидејќи приклучувањето кон европското семејство ќе значи поголема стабилност и просперитет дома, рече денеска меѓу другото, премиерот Зоран Заев во своето обраќање на пленарната седница на Европарламентот.


Музыкальные новости
Владимир Высоцкий

Что Золотухин рассказывал про некрасивые тайны Таганки и почему Высоцкий его не простил





Персональные новости
Анфиса Чехова

Отец из Панамы, школьная любовь и любимая еда: Елена Борщёва раскрыла все тайны на шоу ТВ-3 «Вкусно с Анфисой Чеховой»





Заев во Европскиот парламент: референдумот е за втора независност

SlobodnaEvropa.mk 

Референдумот на 30 септември е референдум за втора независност, за Македонија тоа е можност која толку долго ја чекавме, во 1991 година гласавме за независност на референдум, сега, повторно на референдум треба да го направиме следниот чекор, истакна премиерот Зоран Заев во неговото обраќање пред Европскиот парламент на покана на претседателот Антонио Тајани.   „Да создадеме реална можност да станеме 30-та земја членка на НАТО, и да го започнеме да затвораме поглавје по поглавје до членство во Европската Унија, во европското семејство. Читать дальше...

Заев - Веќе ја чувствувам европска Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Како прв македонски премиер кој се обратил на македонски јазик, премиерот Зоран Заев на пленарната седница на Европарламентот се заблагодари за поддршката пред референдумот и за помошта во реформите потребни за влез во европското семејство, кое, како што рече, ќе биде гарантот на македонската иднина.

Мичел - Димитров: НАТО ќе придонесе за побезбедна Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше средба со помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања Вес Мичел, кој престојува во работна посета на нашата држава. На средбата беше разговарано за евро-атлантските перспективи на Република Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот. Димитров ја потенциреше важноста од натамошна поддршка на САД во евро-атлантските интеграции на Македонија и соработката заснована на стратешкото партнерство... Читать дальше...

Вес Мичел на средба со македонски пратеници

SlobodnaEvropa.mk 

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел денеска се сретна со координаторите на Пратенички групи и со пратеници во Собранието на Република Македонија. Предвидено е Мичел да се сретне и со претседателот на Парламентот, Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Одложено судењето за „Таргет-Тврдина“

SlobodnaEvropa.mk 

За 8 октомври е одложено рочиштето за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“ за незаконското следење на комуникациите, бидејќи не е добиена одлуката на Апелациониот суд по жалбата за судење во отсуство на поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски во предметот „Трезор“ и спојувањето на постапката за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Судијката Џенета Бектовиќ рече дека судењето ќе почне од почеток со главната расправа, поради промена на судскиот совет.... Читать дальше...

Продолжува рочиштето за „крвавиот четврток„

SlobodnaEvropa.mk 

Со сослушување на сведокот Енес Ибраими, денеска продолжи судскиот процес за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. За денеска закажано е сведочење и на Хари Локвенец, Петар Атанасов, Енес Ибраими и Катерина Кузмановска откако на минатото рочиште сведочеа поранешниот пратеник Никола Тодоров, пратеникот Весел Мемеди, премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во случајот обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок, а две лица за помагање на делото. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Росгвардия обеспечила правопорядок во время футбольного матча «ЦСКА» - «Спартак» в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Как Рыбакиной стать второй ракеткой мира: расклад от WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

В СВАО Москвы реконструируют дорогу и построят мост





Путин в России и мире
Москва

Эксперт: корректировка порогов крупного и особо крупного ущерба по экономическим статьям оправдана и своевременна


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Михаил Кутушов

Токсиколог Кутушов рассказал почему возникает похмелье



Москва

Десятки тысяч нижегородцев написали «Диктант Победы»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net