123ru.net
World News in Macedonian
Сентябрь
2018

Новости за 17.09.2018

Хан: Убеден сум за успешноста на референдумот, но прво да го преминеме мостот

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан денеска од Штип изјави дека е убеден оти референдумот ќе успее, но доколку не се случи тоа, политичарите треба да донесат одлуки. „Да го преминеме мостот па да видиме што ќе се случи. Јас сум убеден во позитивен исход од референдумот. Мораме да го почитуваме сувереното право на граѓаните да гласаат и таа одлука ќе мора сите да ја испочитуваат. Потоа, се разбира политичарите ќе треба да се справуваат со последиците и соодветно на тоа да донесат одлуки“, изјави еврокомесарот од Штип.

Путин и Ердоган договориле демилитаризирана зона во Идлиб

SlobodnaEvropa.mk 

Во рускиот град Сочи, претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, денеска се договориле за формирање демилитаризирана зона во сириската провинција Идлиб долж линијата на фронтот меѓу бунтовничките сили и единиците на сириската армија, објави АП. Според договореното, зоната ќе биде широка 15 до 20 километри и ќе се простира по целата должина на фронтот. Се очекуваа оваа зона и официјално да биде воспоставена до 15 октомври, а руски и турски војници ќе бидат испратени да патролираат долж неа.

Арсов - Театарска Европа да ја донесеме пред домашната публика

SlobodnaEvropa.mk 

МОТ програмски воопшто не заостанува во однос на голем број европски фестивали. Се разбира, поради ограниченоста на буџетот, не секогаш можеме да ги донесеме „големите“ продукции, но тоа не е изворната идеја. И тоа е можеби добро затоа што не секогаш тие продукции и претстави се добри, вели Русе Арсов, првиот човек на Млад отворен театар, фестивалот што на неколку сцени во градов ќе се одржи од 20 до 28 септември.



Хајли: Русија лаже и тајно носи нафта во Северна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли денеска ја обвини Русија дека, како што рече, „лаже и ги поткопува сакциите на Светската организација воведени кон Северна Кореја“. Во обраќање на вонредното заседание на Советот за безбедност на ОН, Хејли нагласи дека постои систематично кршење на санкциите кон Пјонгјанг. Според неа, санкциите се прекршуваат на тој начин што се вршат бродски трансфери на стоки за кои е воведена забрана за извоз во Северна Кореја, меѓу кои и нафта и јаглен, објавија светските новински агенции.

Туск испрати порака до Македонија на македонски јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Пред 30 години ни се укажа можност и покрај верувањата на малкумина дека е невозможно нешто да се смени, ние ги мобилизиравме нашите пријатели и гласавме за таа промена. Денес Полска ги користи неограничените можности што ги нуди ЕУ, објави денес на својот „Твитер“ профил претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и преку видео порака на македонски јазик ги повика граѓаните на Македонија да гласаат на референдумот и да не ја пропуштат шансата која ни се нуди. „Во животов многу ректо добиваме можност да ја смениме својата судбина... Читать дальше...

ИВЗ повика да се гласа „за“ на референдумот

SlobodnaEvropa.mk 

Сите припадници на Исламот, на 30 септември, масовно да излезат на референдумот и да кажат ДА за интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската Заедница, повика денеска Ријасетот на Исламската верска заедница. „Ријасетот ќе ги задолжи сите свои структури, органи, институци како и своите вработени да бидат во постојан контакт со муслиманските верници во земјата, да ја објаснат историската пресвртница што ќе произлезе од нивното масовно гласање за интегрирање на Македонија во структурите што се гаранција за мирот... Читать дальше...

Серија напади во Авганистан, над 27 загинати

SlobodnaEvropa.mk 

Во неколку последователни напади на талибанците во Авганистан се убиени најмалку 27 припадници на авганистанските безбедносни, објави АП, повикувајќи се на информации од локалните власти. Авганистанските власти соопштија дека се нападнати контролни пунктови, воени и полициски бази низ целата земја. Портпаролот на талибанците Кари Јусуф Ахмади рече дека тие ја преземаат одговорноста за некои од нападите, но не за сите.

Трента: Историски момент за Македонија со поглед кон иднината

SlobodnaEvropa.mk 

Италијанската министерка за одбрана Елизабета Трента, по денешната средба со нејзината колешка Радмила Шекеринска во Скопје, изјави дека Македонија е пред „историски момент за Македонија што гледа кон иднината“. „Се базира врз Преспанскиот договор потпишан со Грција и треба да се реши само последното прашање. Се наоѓаме пред фазата на клучниот референдум со кој ќе се реши најбитното нешто за Македонија, а тоа е иднината во евроатлантската заедница кон која македонскиот народ гледа со позитивен став“, рече италијанската министерка. Читать дальше...



Габриел: Поевтин роаминг за Западен Балкан, а потоа и негово укинување

SlobodnaEvropa.mk 

За три до четири години очекуваме намалување на цените на роамингот за Западен Балкан, кој ќе биде укинат кога земјите од регионот ќе станат членки на Европската унија, изјави еврокомесарката за дигитално општество Марија Габриел. „Би сакале да постигнеме конкретни резултати за три-четири години. На ЕУ и требаше 10 години разговори и договори за оваа тема. Кога земјите од регионот ќе станат члемки на ЕУ, во тој момент нема да има потреба за посебни цени за роаминг. Сега разговараме за намалување на цените на роаминг“... Читать дальше...

Сарацин - Заев: Да се остварат стратешките цели на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Ова е најдобрата година што можеше да ѝ се случи на Македонија, кога се отворени шансите за членство на Република Македонија во Европската унија и во НАТО, истакнал Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг, на денешната средба со македонскиот премиер Зоран Заев, соопшти владината прес-служба. На средбата, според владиното соопштение, Сарацин изразил поддршка за успешен референдум, а заедно со Заев оцениле дека „сите политички субјекти и граѓани во државата треба да покажат одговорност, за остварување на стратешките државни цели“.

На пратениците и функционерите да им се укине имунитетот, бара шпанскиот премиер

SlobodnaEvropa.mk 

Во говорот по повод 100 дена од неговата Влада, шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека ќе инсистира за укинување на имунитетот на пратениците и на лица на функции, објави Ројтерс. За усвојување на ваков предлог потребна е парламентарна поддршка, а Социјалистичката партија на Санчез има 84 од вкупно 350 места во Долниот дом на Парламентот.

Турција ќе носи уште војници на Кипар

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе го засили своето воено присуство во Северен Кипар, каде вообичаено постојано се распоредени околу 35.000 турски војници, најави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. „Нема да го намалиме бројот на наши војници таму, напротив, ќе го зголемиле“, изјави Ердоган, но нагласи дека Турција не планира да отвори воена база на Северен Кипар, бидејќи за сега нема потреба од тоа. „Турција е на само неколку минути од кипарскиот брег“, рече Ердоган. Кипар е поделен на два дела во 1974 година... Читать дальше...

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Ален Данкан утре доаѓа во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот министер за Европа и Америка, Сер Алан Данкан, утре доаѓа во официјална посета на Македонија, соопшти македонското МНР. „Внатрешно политичките состојби и реформската НАТО и ЕУ агенда во Република Македонија и подготвителните активности поврзани со успешна реализација на референдумот на 30 септември ќе бидат дел од темите за кои утре во Скопје ќе разговараат министерот за Европа и Америка во британскиот Форин Офис, Сер Алан Данкан и неговиот домаќин Никола Димитров“, соопшти МНР. Сер Алан Данкан и Димитров... Читать дальше...

Дачиќ: Косово во ОН кога врбата ќе роди грозје

SlobodnaEvropa.mk 

Србија ќе го признае Косово и ќе се согласи на неговиот прием во Обединетите нации „кога врбата ќе роди грозје“, изјави денеска српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, објавија српските медиуми. На прием во Грчката амбасада во Белград, Дачиќ изјави дека Србија секојдневно добива разни пораки од Косово, кои се „надвор од реалноста“, односно дека се бара менување на границите, но без никакви територијални отстапки од косовска страна. „Ни велат дека не сакаат корекција на границите, а сакаат да ги добијат Прешево и Бујановац? Читать дальше...

Димитров: Членството во НАТО ќе ја зацврсти стабилноста

SlobodnaEvropa.mk 

Членството во НАТО значи Македонија да остане во овие граници, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната дебата на тема „Дебатираме за НАТО“, наведувајќи дека тоа ќе ја зацврсти стабилноста, безбедноста и предвидливоста.  На контратезата за дебатата, од кого се плаши Македонија, опкружена од земји членки на НАТО, Димитров посочи дека членството има важна психолошка порака во однос на сите граѓани и во однос на сите соседи на земјата: „Ја преминуваме линијата од која нема враќање назад“... Читать дальше...

Иванов - Матис: Членството во НАТО и ЕУ остануваат највисоки приоритети

SlobodnaEvropa.mk 

Пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на денешната средба со американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, соопшти кабинетот на Претседателот.   Во соопштението се наведува дека Иванов потенцирал дека Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД и дека и натаму ќе се залага за безбедноста, слободата и демократскиот... Читать дальше...

Хан: Квалитетното известување пред референдумот е особено важно

SlobodnaEvropa.mk 

"Квалитетното известување ќе им помогне на граѓаните да донесат информирана одлука. Мислам дека сите медиуми треба да точно да информираат за содржината на договорот и за последиците од гласањето, за да се зголеми јавната свест за важноста да се искористи демократското право на глас. Секој глас е важен и е од одлучувачко значење да се учествува на референдумот и да се искористи правото на глас”, изјави европскиот комесар за приширување на Унијата, Јоханес Хан, за време на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот. Читать дальше...

Италијанската министерка за одбрана Трента во посета на Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Министерка за одбрана на Република Италија Елизабета Трента попладнево пристигна во официјална посета на Република Македонија, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Трента беше пречекана на скопскиот аеродром од Шекеринска, а предвидено со Трента и Шекеринска да имаат тет-а-тет средба, по што ќе следуваат разговори на двете делегации и изјави за медиумите.

Матис: Референдумот најважно гласање во историјата на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Норман Матис при денешната посета на Македонија порача дека земјата се наоѓа во уникатна можност. Според него, гласањето на референдумот е важно за придвижување на иднината на Македонија и граѓаните треба да ја искористат демократската можност и одговорност.


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

«Посмотрите на губастых»: Розенбаум жестко высмеял любительниц пластики





Персональные новости
Владимир Потанин

Российские металлурги продолжают внедрять экзоскелеты на производстве





Анархисти ја нападнаа иранската амбасада во Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Група анархисти ја нападнаа иранската амбасада во Атина во знак на протест против третманот на курдското население од страна на Техеран, соопштија грчките власти. Полицијата соопшти дека околу 10 лица вооружени со метални шипки рано денеска ги скршиле прозорците во чекалната на амбасадата и истуриле црвена боја во дворот. Нема пријавени за повредени во нападот. Во изјава објавена на интернет, анархистичката група „Рубикон“ потврди дека го извршила нападот во гест на солидарност со Курдите од Иран. Читать дальше...

Матис: На референдумот ќе одлучите за вашата иднина

SlobodnaEvropa.mk 

Претстојниот референдум е најважниот глас во историјата на вашата нација, на кој ќе одлучите за вашата иднина, изјави американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шекеринска. „Го препознаваме комплексниот политички процес кој ви претстои и ве поддржуваме во остварувањето на вашиот демократски глас и одговорност да гласате“, рече Матис. Тој истакна дека Договорот од Преспа ќе овозможи спроведување на клучните... Читать дальше...

Каменос: Ќе ја повлечеме довербата за владата ако Договорот дојде за ратификација

SlobodnaEvropa.mk 

Ќе направам се Договорот од Преспа да не дојде во грчкиот Парламент, но ако договорот дојде во Парламентот, тогаш немам друг избор, вели Панос Каменос за грчката телевизија „Антена“, наведувајќи дека Независни Грци ќе ја повлечат довербта за владата доколку Договорот дојде за ратификација пред грчките пратеници, пренесува МИА.  Коалициониот партнер во грчката влада објасни дека тој би ги повлекол сите министри од владата и довербата, пред договорот да дојде во Парламентот. „Јас веќе подолго време... Читать дальше...

Матис пречекан пред владата во Скопје

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис изутрината пристигна во Скопје. Во владата тој имаше средба со премиерот Зоран Заев и министерката за одбрана Радмила Шеќеринска.Матис во минатата недела најави дека ќе ја посети Македонија за да изрази јасна поддршка за претстојниот референдум за прашањето за името, но и загриженост поради можното мешање на Москва во процесот.

Коментарите меѓу „бездната“ на Мицкоски и „шансата“ на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Фановите на РСЕ кои се „за“ референдумот и оние кои се за бојкот си ги мерат силите на социјалните мрежи. Тие се поделени и за посетите од странски политичари на земјата, а се делат и на тоа кој е за Брисел, а кој за Москва.

Заев: немам докази за руско влијание во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Немам докази за руско влијание, Руската Федерација е пријател на Македонија и таа нема ништо против интеграцијата на Македонија во ЕУ, но е против нашата интеграција во НАТО, изјави премиерот Зоран Заев на денешната конференција за слободата на медиумите во регионот: „Денови на медиуми - ЕУ Западен Балкан.“   „И тоа го кажуваат многу јасно. Ние се обидуваме да објасниме дека за нас не постои алтернатива, освен целосната интеграција во ЕУ и НАТО. Сакаме да градиме пријателство со сите земји и со... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Легендарный вратарь Мануэль Нойер стал амбассадором Hisense на Чемпионате Европы по футболу – УЕФА ЕВРО 2024™


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Новак Джокович

Новак Джокович в пятый раз получил спортивный «Оскар» как атлет года


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Экологический телемост регоператора МСК-НТ связал школьников Подольска и Москвы





Путин в России и мире
Москва

Площадь трех вокзалов в Москве получит новое имя


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Сегодня президент Беларуси Александр Лукашенко встретился в Минске с губернатором Поморья Александром Цыбульским




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Байден заверил Зеленского в скорых поставках новых пакетов помощи


Навальный в России и мире
Москва

Мосгорсуд оставил в СИЗО журналистку Фаворскую, обвиняемую в экстремизме за репортажи о Навальном



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Концерт

Концерт в КДШИ имени П.И. Чайковского "Народной музыки душа"



Москва

Артисты МХТ имени Чехова приехали с гастролями на космодром Восточный

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net