Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Новости за 29.01.2018

„Дигитални икони“ на Даниела Киш во Отворено графичко студио

SlobodnaEvropa.mk 

„Дигитални икони“ е насловена изложбата на Даниела Киш, што во периодот од 1 до 12 февруари, ќе се одржи во Отвореното графичко студио во Скопје. Станува збор за претставување на творештвото на парализирана жена која не контролира 99 проценти од своето тело, но која за половина декада има насликано над 500 икони и портрети и која знае да ја препознае сржта и исходот на животниот смисол и убавина.

Нимиц утре на средби со Коѕијас и Кумуцакос

SlobodnaEvropa.mk 

Посредникот на ОН во спорот за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, утре ќе се сретне и со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос. Според грчките медиуми, средбата со Кумуцакос е по барање на медијаторот Нимиц. Предвидено е Нимиц и Комуцакос да се сретнат претпладне, а неколку часа подоцна медијаторот ќе разговара со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, објави МИА.



САД и Русија далеку од договор за мировна мисија во источна Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Русија покажа поголема отвореност за американскиот предлог за можна мировна мисија на Обединетите нации во источна Украина, но Вашингтон и Москва се уште се далеку од договор, изјави специјалниот американски пратеник за Украина, Курт Волкер. Изјавата на Волкер следува по средбата со неговиот руски колега Владислав Сурков во Дубаи. Американскиот советник за Украина додаде дека на почетокот на оваа година, во телефонски разговор, му рекол на Сурков оти „во Вашингтон има силно чувство на разочарување... Читать дальше...

Џафери: Нема услови за расправа по Законот за јазици

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната седница ја одложи точката за расправа по Законот за употреба на јазиците, бидејќи, како што рече, не се исполнети технички услови за нејзино отворање поради големиот број на амандмани. Според него, не била завршена формалната процедура за обработка на сите амандмани.  Во Парламентот беше доставен пакет од над триесет илјади амандмани за Законот за јазици, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во Македонија. Сите амандмани се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Читать дальше...

Кремљ не го смета опозицискиот лидер Навални за закана

SlobodnaEvropa.mk 

Кремљ не го смета за закана лидерот на опозицијата Алексеј Навални, изјави Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, по апсењето на Навални и по масовните демонстрации низ цела држава за бојкот на претседателските избори на 18 март годинава. "Популарноста на Владимир Путин стигнува подалеку од границите на Русија. Не мислам дека некој може да се сомнева оти Путин е апсолутен лидер според јавното мислење, апсолутен лидер на политичкиот Олимп... со кого е малку веројатно дека... Читать дальше...

Собранието го утврди дневниот ред на 32 седница

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието го утврди дневниот ред на 32 седница и како осма точка го стави Законот за употреба на јазиците. На дневниот ред, и покрај најавите, не беше ставена точката за избор на потпретседател на Парламентот.  Претседателот на Собранието Талат Џафери ги прочита точките на дневниот ред и пред да се гласа пратеникот Антонио Милошоски се јави процедурално и побара пауза за да им се достави дневниот ред испечатен, но Џафери не даде пауза со образложение дека дневниот ред ќе им биде поделен во текот на седницата. Читать дальше...

Димовски: Едностраниот закон за јазиците може да продуцира криза

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека со постапката на поднесување на бројни амандмани за Законот за употреба на јазиците се обидуваат да упатат порака до СДСМ и ДУИ да размислат и да го прифатат тоа што го бараат мнозинството граѓани и експерти. Димовски рече дека решение треба да има, но тоа да биде изградено на здрави темели, а како што рече да не се носи со прекршување на Деловникот најмалку десет парти до сега. Тој додаде дека законското решение е еднострано, според него на ДУИ... Читать дальше...



Загина работник на автопатот Штип-Миладиновци

SlobodnaEvropa.mk 

Загина градежен работник на автопатот Штип-Миладиновци, кај клучката на штипското село Криви Дол, соопштија од СВР Штип. Оттаму велат дека работникот околу пладне бил прегазен од машина за изградба на делницата, по што на местото пристигна Итна медицинска помош од Свети Николе и бил констатирана смртта на работникот. Основен јавен обвинител и екипа на крим-техника прават уви на терен, а во тек е и обдукција на загинатиот работник.

Мицкоски: Изостанува реализација на реформите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Брисел се сретна со еврокомесарот Јоханес Хан, со кого разговарале за евроинтеграциите на Република Македонија, за предвидените реформските процеси, но и за спорот за името со Грција. Мицкоски рече дека го запознал Хан за содржината на средбата во Клубот на пратениците со останатите претставници и функционери и дека дознале за што станува збор во преговорите, откривајќи дека го виделе предлогот што Нимиц им го доставил на преговарачите. Во однос на состојбата во Македонија... Читать дальше...

Мајка и син загинаа во пожар во Битола

SlobodnaEvropa.mk 

Мајка на возраст од 50 години и нејзиниот 17-годишен син загинаа во пожар кој се случил рано изутрината во семејната куќа во Битола. Според првичните сознанија на битолските пожарникари, причината за пожарот е старата електрична инсталација во куќата. Екипи на основното јавно обвинителство, МВР-Битола и Противпожарната служба се на терен и вршат увид на местото на настанот, а исто така е издадена наредба за обдукција на пронајдените тела. Пожарот бил пријавен во 4 часот и 5 минути.

Ѕанакопулос: Договорот за името ќе помине со широко мнозинство

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на грчката Влада Димитрис Ѕанакопулос денска даде проценка дека постои приближување на позициите на владата со дел од грчките партии, а со тоа и дека евентуалниот договор за името ќе биде изгласан во грчкиот Парламент.  „Во преговорите доаѓаме со националната позиција, односно сложено име со временска или географска одредница, повлекување на иредентистичките позиции и ставови на соседот. Доколку врз основа на ова се постигне договор, целосно сум сигурен дека нема да имаме само парламентарно мнозинство... Читать дальше...

МАР: Измените на Законот за минерални суровини ќе ги затворат рудниците

SlobodnaEvropa.mk 

Измените на законот за минерални суровини кои се во собраниска процедура и кои треба да се донесат по скратена постапка, ќе предизвикаат затворање на рудниците и блокирање на целата индустрија, соопшти Македонската асоцијација за рударство (МАР). Оттаму велат дека не е точно тврдењето во Предлог-текстот дека законските измени нема да имаат финансиски последици, бидејќи евентуално раскинување на договорите за концесии штетите би достигнале една до три милијарди евра, велат од МАР додавајќи дека рударската индустрија брои 12.600 вработени... Читать дальше...

Нимиц ги почна посетите, меѓународната заедница вклучена во спорот

SlobodnaEvropa.mk 

Посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц ги почна посетите на двете земји. Во Скопје го дочекува воздржаност и претпазливост на лидерите, во Атина негодувања, пред сè, од Нова демократија.

Загинаа 11 авганистански војници во напад на ИД во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанското Министерство за одбрана соопшти дека милитанти нападнале армиски комплекс во близина на главната воена академија во Кабул, убивајќи 11 војници, а 16 се повредени. Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за денешниот напад преку нејзината новинска агенција Амак. Нападот следи по неколку смртоносни напади на Талибанците во изминатите неколку недели во главниот авганистански град. Портпаролот на Министерството за одбрана Давлат Вазири изјави дека петмина милитанти биле... Читать дальше...

Одложено судењето за предметот „Поткуп“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за предметот „Поткуп“ во кое е обвинет премиерот Зоран Заев денеска беше одложено за 26 февруари. Одложувањето е на барање на јавен обвинител кој во петокот го известил новиот судија Дарко Тодоровски дека не може да присуствува на денешното рочиште. Претходното рочиште исто така беше одложено бидејќи предметот не беше стигнат во Апелациониот суд, кој требаше да одлучи по жалбата на одбраната на Заев која бара видео снимките од Посебните истражни мерки (ПИМ) да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“. Читать дальше...

Најмногу коментари за Фрчкоски и името и за амандманите на ВМРО-ДПМНЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Неделното интервју со професор Фрчкоски, лидерската средба за прашањето за името и илјадниците амандмани на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јазиците, привлекоа најмногу коментари на социјалните мрежи.

Трамп ја критикува ЕУ за нефер трговски односи

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија „многу нефер“ тргува со Соединетите држави, предупредувајќи дека тоа би можело да „прерасне во нешто многу големо“. „Имав многу проблеми со ЕУ. Не можеме да извеземе наши производи таму. Од друга страна тие испраќаат нивни производи кај нас, без даноци, многу малку даноци“, изјави Трамп во интервју за британскиот телевизиски канал Ај Ти Ви.


Музыкальные новости
Вольфганг Амадей Моцарт

Моцарт в рок-формате: ставропольские музыканты представили свою версию известного мюзикла





Персональные новости
НОПРИЗ

Подмосковные проекты победили в Международном профессиональном конкурсе НОПРИЗ на лучший проект – 2023





Експлозии и престрелки во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските безбедносни сили соопштија дека вооружени луѓе денеска ја нападнале Воената академија во Кабул. Притоа биле убиени петмина авганистански војници. Ова е најнов во серијата напади во овој град во изминативе неколку денови. Милитантите на Исламската држава ја презедоа одговорноста за нападот. За претходните смртоносни напади во Кабул одговорноста ја презедоа талибанците. Франс прес, повикувајќи се на извори од локалните власти, јавува дека некои од напаѓачите биле убиени, додека двајца претходно се разнесле со експлозив. Читать дальше...

Од приведувањето на рускиот опозиционер Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Руската полиција во неделата насилно го приведе лидерот на опозицијата, Алексеј Навални неколку мигови откако тој се појави на митингот, за да ги повика гласачите да ги бојкотираат, како што рече, лажирани претседателски избори во март годинава. Навални по неколку часови беше ослободен.

Нимиц од денеска во посета на Грција и Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Посредникот на ОН во преговорите за спорот за името денеска и утре ќе престојува во посета на Атина, а следните два дена, на 31 јануари и 1 февруари во Скопје. Во пресрет на овие посети Нимиц во интервју за грчкиот весник „Катимерини“, оцени дека средбата на премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас била позитивна и од историско значење. „Постои динамика за да дојдеме до решение на проблемот“, рече тој, забележувајќи дека во соработка со меѓународната заедница, а особено со Вашингтон... Читать дальше...

Растат тензиите меѓу Грција и Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Турската крајбрежна стража го блокираше грчкиот министер за одбрана Панос Каменос да стигне до островот Кардак. Ова го соопшти турското Министерство за внатрешни работи додека тензиите меѓу двата соседа ескалираа во последниве недели.

Собранието денеска повторно ќе го разгледува Законот за јазици

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието на Македонија денеска во 11 часот треба да ја започне 32. седница на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците, во трето читање, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик. Тој беше вратен од претседателот на државата Ѓорге Иванов без потпишан указ и со бројни укажувања. Седницата за овој закон претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа во предидениот рок и го стави на повторно гласање, а за законот се поднесени и над 32.000 амандмани од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Читать дальше...

Шпанија нов европски шампион во ракомет

SlobodnaEvropa.mk 

Репрезентацијата на Шпанија е новиот европски шампион во ракомет, откако синоќа во Загреб во финалето ја совлада Шведска со 29:23. Клучна фигура во триумфот на шпанската селекција беше голманот на Вардар Арпад Штербик кој со своите одбрани во второто полувреме имаше огромен придонес за резултатскиот пресврт. За Шпанија ова е прв трофеј од евро-шампионатите. Во предигра на големото финале, Франција со 32:29 ја совлада Данска и го освои бронзениот медал.

Спорт в России и мире
Москва

Спортсменка из Бутово выиграла «золото» на турнирах по художественной гимнастике


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Как Рыбакиной стать второй ракеткой мира: расклад от WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Учения по ликвидации лесных пожаров прошли в Богородском округе





Путин в России и мире
Москва

Путин поздравил Леонида Рошаля с днем рождения


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Это - война: литовские беспилотники попытались атаковать Минск




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Пётр Чайковский

В Клину состоится праздничная программа в честь дня рождения Чайковского



Москва

Евросоюз призвал РФ отменить решение по активам Ariston и BSH Hausgerate

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net