123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Новости за 13.01.2018

Македонските ракометари ја победија Словенија на ЕП

SlobodnaEvropa.mk 

Ракометната репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на Европското првенство во ракомет кое се одржува во Загреб, Хрватска. Со резултат 25-24 македонската репрезентација ја совлада репрезентацијата на Словенија. На полувреме резултатот беше изедначен 11-11. Наредниот натпревар Македонија го игра во понеделник против репрезентацијата на Црна Гора. Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Германија.  Дејан Манасков беше најефикасен во нашиот тим со 8 погодоци, а капитенот Кире Лазаров даде 7 голови.

САД предупредуваат на опасност од тероризам во Косово

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот Стејт департмент ги предупреди државјаните на САД кои планираат да патуваат во Косово де бидат „дополнително внимателни“ поради опасност од тероризам. Во предупредувањето на Стејт департнемтот, што го објави Амбасадата на САД во Приштина, се наведува дека „терористички групи продолжуваат да планираат можни напади“ во Косово.  Во соопштението се додава дека терористите би можеле да нападнат „со мало или без никакво предупредување“ и нивна цел би биле туристички локалитети, транспортни центри... Читать дальше...

Земан води, но не победи во првиот круг од изборите во Чешка

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелниот чешки претседател Милош Земан е во убедливо водство на претседателските избори што во земјата се одржуваат вчера и денеска, но не успеа да победи во првиот круг, покажуваат првичните податоци. По пребројани 90 отсто од гласовите, Земан, кој е познат по неговите антиимигрантски, проруски и прокинески ставови, има 39 отсто од гласовите. Неговиот најсериозен противкандидат, претседателот на Чешката академија на науките, Јиржи Драхос, кој е проевропски либерал, има 24 отсто од гласовите. Читать дальше...



Седуммина повредени во експлозија на бомба во Скадар

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку седум лица се ренети денеска при експлозија на бомба во северниот албански град Скадар, чија цел, според локалната полиција, бил бизнисменот Љуљзим Кула. Двајца од ранетите се здобиле со посериозни повредни и се пренесени во Клиничкиот центар во Тирана, додека останатите се примени во болницата во Скадар. Меѓу повредените при експлозијата е и бизнисменот Кула. Бомбата била поставена на еден мотоцикл во центарот на Скадар, пред зграда во која се наоѓаат канцелариите на заедницата на српско-црногорското малцинство во Албанија. Читать дальше...

Продолжува дијалогот Белград-Приштина по пауза од една година

SlobodnaEvropa.mk 

По 13-месечна пауза и опструкции, техничките преговори меѓу Белград и Приштина ќе продолжат во вторник во Брисел. Според извори во српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, состанокот ќе трае три дена, а теми на разговорите ќе бидат спроведувањето на постигнатите договори, формирањето на Заедницата на српски општини, слободата на движењето и правосудството. Продолжување на бриселскиот дијалог на техничко ниво на 16 јануари го потврди и новиот шеф на приштинската преговарачка делегација Авни Арифи. Читать дальше...

Владата има намери да ја вклучи опозицијата во процесот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Владата има цврста намера да ја вклучи опозицијата во процесот на решавање на спорот со името, тоа и е должност, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров. Според него, доколку нема услови за одржување средби на државно-политичкиот врв ќе има обиди за директни контакти. Важно е, како што рече, да се види дали опозицијата ќе има сила да го сподели товарот. Во однос на македонскиот преговарач за името Васко Наумовски, кој беше именуван од претходната влада, Димитров рече дека досега... Читать дальше...

Втор ден од претседателските избори во Чешка

SlobodnaEvropa.mk 

Чесите втор ден гласаат на претседателските избори. Според анкетите направени пред гласањето, се очекува актуелниот претседател Милош Земан да го добие првиот круг, но изгледа дека е малку веројатно дека ќе добие целосно мнозинство. Вториот круг на гласање, доколку е потребно, ќе се одржи на 26 и 27 јануари. Други кандидати се текстописецот Михал Хорачек, поранешниот десничарски премиер Мирек Тополанек и поранешниот шеф на автомобилската компанија „Шкода“, Вратислав Кулханек. Прелиминарните резултати од изборите се очекуваа подоцна денеска.

Столтенберг в среда и четврток во посета на Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, в среда и четврток (17 и 18 јануари) ќе престојува во дводневна посета на Македонија, соопштија од Владата. Како што соопштуваат за време на посетата Столтенберг ќе се сретне со државниот врв, со министри, како и со некои од претседателите на политичките партии. Предвидено е Столтенберг в четврток попладне да има заедничка прес конференција со премиерот Зоран Заев.



Фич го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска

SlobodnaEvropa.mk 

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Хрватска, првпат од 2004 година, објави хрватската агенција Хина. Рејтингот на земјата се зголемува од „ББ" на „ББ +" со стабилна перспектива. Одлуката е произлегува од одличната туристичка сезона и подобрувањето на јавните финансии, наведе Хина. Економскиот раст на Хрватска во 2017 година остана на ниво од три отсто, а очекувањата се дека и во прогнозираниот период растот ќе продолжи. Економистите, исто така, очекуваат ниско ниво на инфлација. Читать дальше...

Русија распореди уште една дивизија со С-400 во Крим

SlobodnaEvropa.mk 

Русија распореди воена дивизија опремена со ракетен систем за воздушна одбрана C-400 во анектираниот Крим. Ова е втора дивизија со опрема С-400 што ја распоредува Москва во Крим. Првата беше распоредена на почетокот на 2017 во пристанишниот град Федосија. Системот С-400 е способен да погоди воздушни цели и до 400 километри и балистички проектили до 60 километри оддалеченост. Русија го анектираше украинскиот регион во март 2014 година, поттикнувајќи ги САД, Европската унија и други да воведат економски санкции против Москва.

Димитров - Го охрабривме Нимиц в среда да излезе со првичен предлог за името

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров изјави дека се уште нема предлог за решавање на спорот со името, но медијаторот Метју Нимиц е охрабрен да излезе со првична рамка уште следната недела.  „Се уште немаме предлог на масата за решавање на спорот со името. Одлучивме да го охрабриме медијаторот Метју Нимиц да излезе што е можно побрзо, дури и идната среда, со една првична рамка што ќе послужи или што ќе даде насоки за суштински напредок и најавивме подготвеност да се вклучиме како шефови на дипломатии директно... Читать дальше...

Иран го обвини Трамп за „злобно кршење“ на нуклеарниот договор

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе продолжи со олеснување на санкциите кон Иран согласно договорот за нуклеарната програма, но Трамп одреди рок од 120 за промена на договорот, односно за отстранување на „ужасните недостатоци“. Американскиот претседател вели дека промените се неопходни за да се подобри договорот, во спротивно САД ќе се повлечат од него. Иранските власти го обвинија Трамп за „злобно кршење“ на договорот. Најавата на Трамп е „очаен обид за поткопување на солидниот мултилатерален договор“... Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ - Скандалозна е одлуката за продолжување на притворите

SlobodnaEvropa.mk 

Скандалозна е одлуката на Апелациониот суд за продолжување на притворите во луѓето во врска со настаните во Собранието на 27 април, оценува опозициската ВМРО-ДПМЕН во соопштение. „Институциите уште еднаш паднаа на тестот за владеење на правото. Судот со одлуката да ги отфрли жалбите за ослободување од притвор на патриотите кои ја бранеа оваа држава уште еднаш потврди дека ги подржува катастрофалните политики кои водат кон се поголем раздор и продлабочување на кризата“, стои во соопштението. Според... Читать дальше...

Словенија подготвена на тужба, ако Хрватска не се согласи на арбитража

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот премиер Миро Церар синоќа изјави дека најдобро би било Хрватска да се согласи на спроведување на арбитражната пресуда за границата и најави дека во спротивно Словенија ќе биде принудена да поднесе тужба против неа. Што се однесува на можното посредување на Европската комисија во арбитражниот спор, Церар изјави дека очекува претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер или првиот потпретседател Франс Тимерманс ќе може на Хрватска да и понуди „некои конкретни можности кои би воделе до имплементација“. Читать дальше...

Времето облачно со слаби врнежи од дожд и снег

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаби проврнувања на дожд и снег на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од два до девет степени.  Во Скопје ќе биде облачно и ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе достигне до осум степени.  Следува период на претежно облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради спуштање на студен воздух од север, в недела и в понеделник ќе има услови... Читать дальше...

Што и кој ќе биде на насловните страни во 2018?

SlobodnaEvropa.mk 

Каква ќе биде втората година од мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп чиј избор е под сенка на можното руско мешање во изборите? Зошто претседателските избори во Русија не носат никакво изненадување во врска со победникот? Дали Европската унија треба да се грижи за преговорите со Британија околу нејзиниот излез од Унијата? И кој ќе биде на врвот на листата најразвиени земји во светот?

Спорт в России и мире
Москва

Like FM – федеральный партнер релиза «Идеальная зависимость»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Елена Рыбакина

Рыбакина: знаю, что меня поддерживают в России, но болельщиков из Казахстана намного больше


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Швеция хочет ограничить доступ в Балтийское море российским танкерам





Путин в России и мире
Москва

Кремль: в Москве 22 апреля состоится встреча Путина с Алиевым


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко сравнил Всебелорусское народное собрание с «пустотой»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Баста

Баста отметит свой день рождения концертом в Москве



Москва

Мизулина заинтересовалась видео с избиением девочки под расистские выкрики

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net