Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Новости за 18.01.2018

Дневен печат - Името и НАТО во сенка на ракометните успеси

SlobodnaEvropa.mk 

Победите на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска ги стави во втор план преговорите за името во Њујорк и посетата на шефот на НАТО, Јенс Столтенберг на Македонија.

Оливер Ивановиќ погребан во Белград

SlobodnaEvropa.mk 

Во Белград денеска беше погребан Оливер Ивановиќ, еден од лидерите на косовските Срби. Тој беше убиен на 16 јануари во Северна Митровица, под се уште неразјаснети околности. На погребот освен роднините и пријателите на Ивановиќ, присуствуваа и членови на Владата на Србија и лидери на дел од опозициските партии. Косовска полиција понуди награда од 10 илајди евра за информации поврзани со убиството на Ивановиќ. Неговото убиство наиде на бројни осуди од косовската и од српската влада, од меѓународните... Читать дальше...

Реформите на прислушувањето поминаа во прво читање во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието со 64 гласа „за“ ги усвои предложените законски измени од сферата на внатрешни работи во прво читање и ги даде на понатамошна работа, oдносно на второ читање. Се работи за измените и доплнувањата на Законот за внатрешни работи, на Законот за полиција, како и за предлог-законите за Оперативно - техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите.  Овие закони се еден од трите столба во реформскиот процес, кои го спроведува Владата во насока на исполнување на препораките на Прибе,... Читать дальше...



Нема план Б за Македонија, решавање на името, па НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Нема друг начин да се влезе во НАТО без решение на проблемот со името, порача Генералниот секретар на НАТО. Тој го охрабри премиерот Заев за реформите и побара поголема соработка власт - опозиција.

ВМРО-ДПМНЕ не се враќа во Собрание, оти немало услови

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на ставот оти нема демократски услови и амбиент да учествуваат во работата на Собранието. Тие денеска се вратија во собраниските клупи само за да присуствуваат на обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев изјави дека не може да се вратат во Собранието без да има нормализација на политичкиот дијалог. Најголемата опозициска партија од средината на декември не учествува во работата на македонското Собрание... Читать дальше...

Вучиќ и Тачи се договориле да продолжи дијалогот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, се договориле да продолжи дијалогот Белград-Приштина, а истрагата за убиството на еден од лидерите на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, да се спроведе со соработка на судско-полициските тела од двете земји, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. На редовниот брифинг со новинарите во Брисел, таа рече дека европската судско-полициска мисија во Косово, ЕУЛЕКС, „пружа поддршка“ во истрагата за убиството на Ивановиќ. Читать дальше...

Столтенберг: Решавање на името, но и реформи - суштински за влез во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Приклучувањето во НАТО бара напор и заложби, но вратите на НАТО остануваат отворени. Реформите не се лесни, но можат да се спроведат, затоа сите треба конструктивно да работат. Сакаме да бидете дел од НАТО, порача Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев во Владата. Тој го пофали Заев за напорите за приклучување кон НАТО и за постигнување на политичка стабилност, особено по настаните минатата година. Тој ги пофали и напорите за изнаоѓање на решение за прашањето за името. Читать дальше...

Германските власти обвинија припадник на авганистанските Талибанци

SlobodnaEvropa.mk 

Германските обвинители поднесоа обвиненија за тероризам и убиство против осомничен припадник на авганистанските Талибанци, обвинет за учество во убиство на авганистански полицаец. Сојузните обвинители денеска соопштија дека обвинението против Авганистанецот идентификуван како 20-годишен Оман Н. во Судот во Минхен. Тој е обвинет за членство во терористичка организација, воени злосторства и кршење на законите за контрола на воено оружје. Обвинителите велат дека тој им се приклучил на Талибанците... Читать дальше...



Конструктивни средби на претставниците на партиите со Столтенберг

SlobodnaEvropa.mk 

Претставниците на ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ средбата со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја оценија како коструктивна и содржајна, а тој им порачал дека вратите на НАТО за Македонија се отворени ако се реши проблемот со името, но потенцирал дека Македонија е таа која треба да ги донесе одлуките. Македонија треба да најде решение за спорот со Грција околу името, му пренел Столтенберг на Ахмети, но рекол дека на двете страни останува како ќе дојдат до решение. Координаторот на СДСМ Томислав Тунтев изјави дека разговорите... Читать дальше...

МНР: Идеите на медијаторот не се коментираат пред направена темелна анализа

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за надворешни работи (МНР) во врска со вчерашната изјава на македонскиот преговарач во спорот со Грција за името Васко Наумовски соопшти дека согласно узансите на дипломатијата, идеите на медијаторот не се коментираат јавно пред темелна анализа и изграден став на државниот врв, велат од МНР за МИА.  Оттаму велат дека учеството во процесот за надминување на разликата за името меѓу Македонија и Грција, бара висок степен на професионалност и одговорност. „Градењето мостови и отворањето... Читать дальше...

Димитров очекува позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на денешната средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека очекува позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО во јули оваа година и изрази благодарност за континуираната поддршка за евро-атланската интеграција на Република Македонија, соопшти македонското МНР. Димитров нагласи дека посетата на Столтенберг е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за напорите 2018 година да биде историска година за земјата и за регионот. Читать дальше...

Убиен Палестинец во израелска рација на Западниот Брег

SlobodnaEvropa.mk 

Израелските сили во потрага по убијците на еден рабин извршија рација во дом на Западниот Брег, убивајќи Палестинец по кого се трагало, а во престрелката биле повредени двајца припадници на безбедносните израелски сили. Во денешната рација припадниците на војската и полиција беа во потрага по осомничениот кој во возење пукал и го убил рабинот во израелска населба во Западниот Брег. Портпаролот на полицијата Мики Розенфелд изјави дека мажот по кого се трагало бил убиен, а друг бил уапсен во рацијата во градот Џенин во Западниот Брег. Читать дальше...

Столтенберг: Бидете амбициозни, но и реални

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска пред пратениците ги поздрави преземените реформи, нагласувајќи дека има уште работа што треба да се сработи, а тоа значи решавање на прашањето за името. Неговиот говор во полната собраниска сала беше поздравен со аплауз.

Столтенберг: НАТО ќе продoлжи да ја поддржува Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од 15 години припадниците на вашите висококвалификувани армиски сили беа рамо до рамо со своите меѓународни учесници во мисиите на НАТО носејќи безбедност и стабилност во Авганистан, а во 2001 и 2002 НАТО даде значителен придонес во стабилноста на оваа земја, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во неговото обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија. „НАТО е најуспешната воена алијанса во историјата претставувајќи повеќе од половина од светската економска сила... Читать дальше...

Пројковски: Се залагам за жестокост и тотална посветеност во театарот

SlobodnaEvropa.mk 

Оваа награда воопшто е голем настан и за Националниот театар во Истанбул. Освен интересот во Турција, се јавија и фестивали од другите земји, така што мислам дека приказната за нашата „Ромео и Јулија“ е на почетокот од своето патешествие, вели режисерот Дејан Пројковски, не многу откако неговата поставка на шекспировиот класик беше прогласена за најдобра претстава за 2017 година од тамошниот театарски магазин „Тијатро“.

Пројковски: Се залагам за жестокот и тотална посветеност во театарот!

SlobodnaEvropa.mk 

Оваа награда воопшто е голем настан и за Националниот театар во Истанбул. Освен интересот во Турција, се јавија и фестивали од другите земји, така што мислам дека приказната за нашата „Ромео и Јулија“ е на почетокот од своето патешествие, вели режисерот Дејан Пројковски во разговорот со Љупчо Јолевски, не многу откако неговата поставка на шекспировиот класик беше прогласена за најдобра претстава за 2017 година од тамошниот театарски магазин „Тијатро“.

Шекеринска-Столтенберг: Македонија има капацитет за реформи

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше истакнато дека Македонија покажала дека има капацитет да спроведе реформи во духот на вредностите на НАТО, да се фокусира на демократските процеси, реформите во одбраната, да ги унапреди добрососедските односи и да стане фактор на стабилност во регионот, соопшти Министерството за одбрана.  Исто така било истакнато дека со доследно спроведување на реформите, местото на Македонија е во НАТО... Читать дальше...

Собраниската расправа за законот за јазиците е можна во идната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Повторната расправа за законот за јазиците може да се случи и следната недела, посочуваат од ДУИ. Од партијата велат дека претседателот Иванов останува претседател на една партија, а не на сите граѓани. Од Беса заклучуваат дека законот не е противуставен и не ја дели Македонија.

Украинскиот Парламент усвои закон за реинтеграција на Донбас

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот Парламент усвои закон со кој се регулира државната политика во областите на истокот кои ги контролираат сепаратистите поддржани од Русија. Законот поради кои се случуваа тензии и протести во земјата, денеска беше усвоен во украинското Собрание и тој сега треба да биде потпишан од претседателот Петро Порошенко чија партија го поддржа законот. Законот ја означува Русија како „агресор“, а деловите од регионите Доњецк и Луганск кои се под контрола на сепаратистите, на пример Донбас, како „привремено окупирани територии“... Читать дальше...


Музыкальные новости
Михаил Кутушов

Токсиколог Кутушов рассказал почему возникает похмелье





Персональные новости
Выставка

Выставка работ победителей фотоконкурса «Созвездия "Семья"»





Владата в понеделник ќе гради став за предлогот за името?

SlobodnaEvropa.mk 

Медијаторот на ОН во спорот за името, Метју Нимиц, излезе со нов предлог за решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Од Владата велат дека исходот ќе зависи од подготвеноста на двете страни за компромис. Според експертите, време е преговорите да влезат во наредна фаза, а изјавата на македонскиот претставник Васко Наумовски сметаат за неумесна.

Иванов-Столтенберг: Македонија да го добие заслуженото членство во НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на која истакнал дека Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на НАТО и дека е неопходно е да го добие одамна заслуженото членство во Алијансата, со што ќе се создадат трајни придобивки за безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион, соопшти Кабинетот на претседателот.  На средбата тие разговоарале за евроатлантските интеграции на Република Македонија... Читать дальше...

Ѕанакопулос: „Сакаме решение во кое сите ќе бидеме победници“

SlobodnaEvropa.mk 

Преговорите за името не се фудбалски натпревар за да има победник или поразен, Владата сака и ќе направи се што може за да се реши прашањето без да ги стави во опасност националните интереси, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Ѕанакопулос. „Сакаме решение во кое сите ќе бидеме победници“, рече Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „24/7“, пренесува МИА. Тој ја потврди позицијата на Грција за сложено име за севкупна употреба.

Одложено судењето за предметот на СЈО „Труст“

SlobodnaEvropa.mk 

Судењето за предметот „Труст“ на СЈО е одложено поради влошената здравствена состојба на второобвинетиот Василије Авировиќ, а ново рочиште во Кривичниот суд за предметот е закажано за 23 јануари. Првоосомничен во предметот „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан кој денеска дојде во судот и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Транспемт“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ за учество во тендер на Електрани Македонија. Според обвинението на СЈО осомничените со фалсификувани документи... Читать дальше...

Столтенберг ги почна средбите со македонскиот државен врв

SlobodnaEvropa.mk 

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров, со што ги почна средбите со државниот врв на земјата. Столтенберг вчера пристигна во официјална посета на Скопје, а по разговорите со Димитров ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Првиот човек на НАТО попладне ќе им се обрати на пратениците во Собранието, каде ќе има средби со претседателот на Парламентот Талат Џафери, со... Читать дальше...

Тилерсон сигнализира натамошно американско воено присуство во Сирија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека военото присуство на САД во Сирија ќе остане и во догледна иднина со цел да се спречи натамошна активност на екстремистичката група Исламска држава. Во говорот на Универзитетот Стенфорд, Тилерсон додаде дека САД исто така ќе работат на обезбедување на мировниот процес за ставање крај на граѓанската војна во Сирија, отстранување на претседателот Башар ал Асад од власт и намалување на иранското влијание во таа земја. Во врска со Северна Кореја... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Команда подмосковного главка Росгвардии заняла призовое место на чемпионате Центрального округа по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина заявила, что скучает по России, но пока не может приехать


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии





Путин в России и мире
Москва

Путин поручил сократить время пути поездов от Москвы до Черного моря до 16 часов


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко рассказал о планах расширения НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Игорь Бутман

Квинтет Игоря Бутмана и певица Фантине впервые выступят на джазовом фестивале в Бахрейне



Москва

Нутрициолог Савельева объяснила, чем кулич из магазина вреднее сделанного дома

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net