Иванов-Столтенберг: Македонија да го добие заслуженото членство во НАТО
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов оствари средба со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, на која истакнал дека Република Македонија во континуитет покажува дека е доверлив и стратешки партнер и сојузник на НАТО и дека е неопходно е да го добие одамна заслуженото членство во Алијансата, со што ќе се создадат трајни придобивки за безбедноста, стабилноста и просперитетот во целиот регион, соопшти Кабинетот на претседателот.
На средбата тие разговоарале за евроатлантските интеграции на Република Македонија, за реформите во одбраната и безбедноста во согласност со НАТО стандардите, како и за унапредувањето и продлабочувањето на соработката со Северноатлантската алијанса.
Иванов и Столтенберг оцениле дека односите и соработката меѓу Република Македонија и Алијансата се на високо ниво и го истакнале придонесот што македонската армија го дава во рамки на меѓународните мировни мисии, се вели во соопштението.