Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Новости за 12.01.2018

ВМРО-ДПМНЕ избра ново раководство, ги нема Димовски, Милошоски и Вељаноски

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот директор на ЈСП Скопје Игор Јанушев е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, а Владо Мисајловски, Митко Јанчев и Александар Николоски се избрани за партиски потпретседатели, јавуваат дел од македонските медиуми. Мисајловски е поранешен министер за транспорт и врски, Јанчев е новиот градоначалник на Кавадарци, а Николоски е пратеник. Централниот комитет на партијата на вечерашната седница избра и нов Извршен комитет. За членови на Извршниот комитет се избрани Тони Михајловски, Иван Јорданов... Читать дальше...

Неделници - Национални прашања и економски раст

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот е намерачен за шест месеци да ги реши сите национални јанѕи, болештини и етно-идентитетски трагедии, кои се таложеле со векови, пишува Фокус. Капитал анализира колкав раст ќе испорача владиниот план за економски раст со напомнување дека бизнисмените се желна за ветената државна помош.

Бериша: Предлог-законот за косовска војска ќе биде поднесен до април

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот министер за безбедносните сили Рустем Бериша изјави дека неговото Министерство, најдоцна до април ќе го поднесе во Владата предлог-законот за формирање на војска на Косово. Бериша посочи дека косовските безбедносни сили се целосно подготвени да се трансформираат во војска. Од друга страна, воени експерти тврдат дека таа трансформација ќе биде одложена, бидејќи процесот веќе станал многу сложен. Косовскиот весник „Зери“, пишува дека трансформацијата преку уставни измени, има потреба... Читать дальше...



Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работи групи за спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи, кои ќе бидат посветени на пронаоѓање решение за спорот за името. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за Ројтерс. „Уверени сме дека и од двете страни постои волја да се оди напред, вели Димитров“, кој вчера во Солун имаше средба со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Димитров очекува првиот состанок на работните групи да се реализира следниот месец.

Јункер – Без јасна европска перспектива Западниот Балкан може да се врати во 90-тите

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер предупреди на опасноста дека без јасна европска перспектива може да дојде до сериозно заострување на состојбите на Западниот Балкан. „Постои опасност во овој многу комплициран регион во Европа да може да се случат настани кои би ги вратиле работите во раните 90-ти години од минатиот век. Секако, ние не сакаме тоа да се повтори“, рече Јункер во Софија на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Јункер учествува на церемонијата... Читать дальше...

Трамп негира дека користел навредливи изрази за африканските земји и за Хаити

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска негира дека користел навредливи изрази за африканските и латиноамериканските држави. Претходно, ОН остро ја осудија и ја нарекоа „расистичка“ наводната изјава на Трамп, кој африканските земји и Хаити ги нарекол „дупки“. Портпаролот на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Руперт Колвил, изјави дека му е жал, но дека за таквиот говор не постои друг збор, отколку расистички. Демократскиот конгресмен од Мериленд, Стенли Хојер, рече дека изјавата е „срамна и расистичка“. Читать дальше...

Марио Сентено – нов шеф на еврозоната

SlobodnaEvropa.mk 

Новиот шеф на еврозоната, Португалецот Марио Сентено денеска изјави дека се надева оти во неговиот мандат 19-те земји кои го користат еврото поцврсто ќе се поврзат, што ќе ги направи поотпорни на кризи. Досегашниот претседател, Холанѓанинот Јерун Дајселблум со симболично ѕвонење му ја предаде должноста на Сентено на церемонија во Париз. Сентено ја презема еврозоната во период кога таа е во подобра состојба. Економијата на земјите расте, додека се намалуваат стравувањата за иднината на Грција во таа група.

ВМРО-ДПМНЕ ќе избира нови членови на Извршниот комитет

SlobodnaEvropa.mk 

ВМРО-ДПМНЕ вечерва се очекува да одржи седница на Централниот комитет на која траба да бидат избрани нови членови на Извршниот комитет. Засега нема информации колку од актуелните членови на Извршниот комитет ќе останат во новиот состав. Од партијата информираат дека на седницата ќе биде дискутирано и за актуелната политичка состојба.



Судот ги одби жалбите за притворот на 11 осомничени за настаните од 27 април

SlobodnaEvropa.mk 

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите за изречените мерки притвор на единаесет лица осомничени за насилството во Собранието на 27 април. Судот по одржаните седници вчера и денеска соопшти дека се одбиени жалбите на обвинетите Оливер Поповски, Горан Ѓошевски, Владо Јовановски, Митко Чавков, Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски и Илија Славковски, а се очекува Апелација да ги соопшти одлуките за жалбите на уште седум обвинети кои се жалеа за изречената мерка притвор.

Јилдирим: Нападите во Идлиб ќе предизвикаат нов миграциски бран

SlobodnaEvropa.mk 

Интензивните напади на сирискиот режим врз провинцијата Идлиб ќе предизвика нов миграциски бран, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим повикувајќи ги Русија и Иран да ги предупредат сириските власти поради нападите. Тој рече дека нападите само ќе наштетат на мировниот процес во Сирија.

Хан: ЕУ треба да најде нови форми за партнерство со Анкара

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија треба да побара нови форми за стратешко партнерство со Анкара, изјави еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан во интервју за агенцијата ДПА. Тој исто така го поддржа ставот на францускиот претседател Емануел Макрон дека ЕУ треба да ги преиспита односите со Турција. Изминативе години една од главните сфери на соработка меѓу ЕУ и Турција беше справувањето со миграцијата, за што двете страни склучија договор во март 2016 година со којшто беше запрен приливот на... Читать дальше...

Град Скопје: Системско менување на концептот на јавниот превоз

SlobodnaEvropa.mk 

Проектот „Паркирај и вози“ опфаќа можност за луѓето кои доаѓаат надвор од Скопје на организиран начин и безбедно да ги остават своите возила на паркинзите што ќе ги изгради Град Скопје на влезот на градот и од таму да го користат јавниот градски превоз, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој рече дека со тој концепт за граѓаните кои ќе го користат ќе биде поевтино бидејќи во една цена ќе имаат паркирање на возилото и користење на јавен превоз, нагласувајќи оти тоа е дел од системското... Читать дальше...

СДСМ предложи намалување на патните трошоци на пратениците

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката група на СДСМ денеска предложи измени на два закона со цел намалување на патните трошоци на пратениците и други избрани и именувани функционери за користење на сопствено возило во службени цели и за отстранување на сите можности за евентуални злоупотреби. Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев изјави дека за таа цел е подготвена Предлог-одлука со која поконкокретно се регулира исплатата на надоместокот на патни трошоци, во која се предлага висината на надометокот да се намали од 30 на 15 проценти. Читать дальше...

Обвинителството отвори истрага за работата на Дрисла

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас отворило предмет за кривично дело Загадување на животната средина и природата од Член 218 од Кривичниот законик во врска со работата на депонијата Дрисла. Јавното обвинителство испратило барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање на потребните податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола, дали е констатирано... Читать дальше...

ЕУ: Косово да се откаже од укинувањето на Специјалниот суд

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија денеска ги повика косовските пратеници да се откажат од иницијативата за отповикување на одлуката за формирање на Специјален суд за воени злосторства на ОВК. Канцеларијата на ЕУ во Косово соопшти дека е „исклучително загрижена“ поради иницијативата на 43 косовски пратеници за укинување на Законот за Специјализирани совети и Канцеларија на специјален обвинител. ЕУ ги повика да се откажат од таквиот план. Специјалниот суд во Косово е основан во 2015 година со одлука на косовскиот Парламент... Читать дальше...

Сомнежи за зголемување на канцерогени заболувања во околината на Дрисла?

SlobodnaEvropa.mk 

Дел од екологистите имаат дојави за зголемување на канцерогени заболувања во околината на Дрисла, но од јавното здравство рекоа дека немаат информации и оти само испитувања по акредитирани методи може да дадат релевантни резултати. Дрсла не е доминантен загадувач на Скопје, сметаат лекарите.

Вуцис: Голема шанса за решавање на спорот за името

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на грчкиот Парламент Никос Вуцис изрази оптимизам во врска со прашањето за името на Македонија, истакнувајќи дека постои голема шанса што не смее да се пропушти. „Ова прашање беше одложувано долги години. Ова е важна шанса за негово решавање што може да се искористи и јас сум оптимист, изјави Вуцис за грчката државна телевизија, пренесува МИА.  Тој исто така изјави дека сите се заинтересирани за решавање на прашањето, особено ЕУ, НАТО и соседните земји наведувајќи и дека очекува... Читать дальше...

Загина украински војник во судири на истокот на земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Украинската војска денеска соопшти дека оден од нејзините војници е убиен и четворица се повредени во судири во текот на изминатите 24 часа во источниот дел на земјата. Во соопштение на Министерството за одбрана се вели дека сепаратистите поддржани од Русија девет пати го прекршиле прекинот на огнот во престрелки во кои користеле митралези, минофрлачи и ракетни гранати. Вчера украинската Армија соопшти дека тројца војници загинале во сепаратистичкото гранатирање. Сепаратистите во меѓувреме тврдат... Читать дальше...

Заврши судењето на азербејџанскиот новинар Мухтарли

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинителот го повика судот во Азербејџан го осуди новинарот Афкан Мухтарли на осум години затвор, по обвиненија за кои неговите поддржувачи велат дека се политички мотивирани. Судењето на Мухтарли денеска заврши, а обвинителството повика Окружниот суд Балакан да го осуди за нелегално преминување на граничен премин, шверц на готовина и напад на службеници.  Мухтaрли и неговата сопруга побегнаа во Грузија во 2015 година стравувајќи за нивната безбедност во врска со неговото известување за сомневање за корупција на претседателот Илхам Алијев. Читать дальше...


Музыкальные новости
Денис Мацуев

Мацуев — о дерби ЦСКА — «Спартак»: бездарное зрелище, я уснул на 15-й минуте





Персональные новости
Зенит

Гол Мартыновича помог «Рубину» сенсационно обыграть футболистов «Зенита»





Каде сè ќе има примена новиот Закон за јазиците

SlobodnaEvropa.mk 

Законот за употреба на јазиците ќе ја прошири употребата на албанскиот јазик во државата, објаснуваат упатените. Граѓаните ќе можат до сите органи на централната власт да се обратат и писмено и усно на својот мајчин јазик, а институцијата ќе треба писмено да им одговори на нивниот јазик.

Мицотакис: Владата да престане со тајната дипломатија

SlobodnaEvropa.mk 

Владата наместо да се стреми кон национален консензус, води тајна дипломатија без да ги извести партиите, изјави претседателот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Киријакос Мицотакис за време на неговата турнеја во северна Грција.  „Не знаеме што разговараат, не знаеме за што преговараат, не знаеме што имаат дадено, што земале. Не знаеме ништо, рече Мицоткаис, коментирајќи ја вчерашната средба на министрите на Македонија и Грција Коѕијас и Димитров.  Мицотакис исто така рече дека... Читать дальше...

Приведен уште еден осомничен за насилството во Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Уште едно лице осомничено за настаните од 27 април 2017-та во македонското Собрание е приведено, потвридиле за МИА од Јавното обвинителство. Според обвинителството, станува збор за Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница.

Либерализацијата на железници ќе почека до влез во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Наспроти сите европски препораки за либерализација на железничките услуги, железнчките претпријатија ќе останат во рацете на државата се до влез на земјава во ЕУ. Претходната влада со закон ги заштити, тврдејќи дека е тоа за добро на железничките претпријатија кои треба да станат конкурентни и за вработените.Но, во меѓувреме претпријатијата прават загуби, а на вработените често им доцни плата.

Земан и без кампања фаворит на изборите во Чешка

SlobodnaEvropa.mk 

Чесите денеска и утре гласаат во првиот круг од претседателските избори: Според анкетите на јавното мислење, фаворит е актуелниот шеф на државата Милош Земан. Контроверзна личност, која за неговите приврзаници е политичар подготвен да предизвика со својата мудрост, додека за клеветниците популист со опасна проруска наклонетост.

Свеченост по повод почетокот на претседавањето на Бугарија во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Во Софија синоќа беше одржана свечена церемонија по повод бугарското претседавање со Советот на Европска унија, на која присуствуваа и претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, како и сите еврокомесари, предводени од првиот човек на Европската Комисија Жан Клод Јункер. Туск оцени дека историјата на Балканот е подраматична и поинтересна од сценариото за серијалот „Игра на тронови“, иако, како што наведе, во регионот нема змејови. Сите би сакале кога минатото и иднината на Балканот би биле помалку драматично сценарио. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

В Московской области прошел чемпионат Центрального округа Росгвардии по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Линетт сыграет против Соболенко во втором круге турнира WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

На площадке МВЦ «Казань Экспо» открылся XVIII Российский венчурный форум





Путин в России и мире
Москва

Строители мостов и дорог удостоены государственных наград


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Минск не исключает попыток оппозиции оторвать часть территории Белоруссии в пользу НАТО




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Сергей Прокофьев

Мариинский театр исполнил оперу Прокофьева в честь дня рождения композитора



Москва

Из России выдворят 15 граждан Узбекистана после массовой драки в Туапсе

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net