Загина украински војник во судири на истокот на земјата
Вчера украинската Армија соопшти дека тројца војници загинале во сепаратистичкото гранатирање. Сепаратистите во меѓувреме тврдат дека владините украински сили во последните 24 часа 14 пати го прекршиле договорот за прекин на огнот користејќи артилерија и минофрлачи.
Од април 2014 година повеќе од 10.300 луѓе загинаа во борбите меѓу владините сили и проруските сепаратисти кои контролираат делови од регионите Доњецк и Луганск.
