123ru.net
World News in Macedonian
Январь
2018

Новости за 19.01.2018

Ји: Македонија и Грција имаат вистинска можност за договор за името

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија и Грција имаат вистинска можност да постигнат договор за т.н. прашање за името. Тоа можеби ќе е најдобрата шанса. Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш. Ова го изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји во емисијата „Светот е бизнис" на телевизијата Блумберг на бугарски јазик емитувана на 17 јануари.  “Ќе се бара напорна работа, бидејќи прашањето не е едноставно да се реши. Читать дальше...

Трамп ги повикува демократите да гласаат за привременото финансирање

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика демократските сенатори да гласаат за законот за привремено финансирање на владата за да не дошло до парализирање на сојузната администрација. Тој упати и критика кон демократите кои се членови на Сенатот, тврдејќи дека тие сакале нелегална имиграција и слаби граници. Тој на социјалната мрежа Твитер напиша дека законот за привремено финансирање бил одобрен од Претставничкиот дом и побара од демократите чии гласови се потребни во Сенатот да гласаат за него. Читать дальше...



Одбележан празникот Богојавление-Водици

SlobodnaEvropa.mk 

Православните верници во повеќе градови и населени места денеска го одбележаа христијанскиот празник Богојавление-Водици. Во Скопје, каде што крстот се положуваше во реката Вардар, до него прв успеа да дојде Даниел Дончевски од Ченто. Во Охрид, каде што вообичаено е најголемата прослава за овој празник, крстот го фати 27-годишниот Иван Лотески. Празникот го честитаа и политичарите. Премиерот Зоран Заев беше во Струга, претседателот Ѓорге Иванов со дипломатскиот кор во Дојран, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ... Читать дальше...

Макрон најави зголемување на буџетот за одбраната

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска најави дека издвојувањата за војската следните години ќе се зголемат поради внатрешната безбедност но и ангажманот на француската војска во странство и повторно побара подобрување на воената соработка во Европа. Зборувајќи во францускиот пристанишен град Тулон, Макрон рече и дека во наредните недели ќе биде поразена и екстремистичката група Исламска држава во Сирија и во Ирак. Како што пренесува агенцијата Франс Прес француската влада го зголемила... Читать дальше...

Заев: Законот за јазици е во рамките на Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање поврзано со ветото на претседателот Ѓорге Иванов на Законот за употреба на јазиците, рече дека се што е донесено во рамките на законот е согласно амандманот 5 од Уставот на Република Македонија. „Се надевам дека ако нешто не е буквално во согласност со Уставот, постои Уставен суд, Венецијанската комисија ќе го каже своето мислење, но и да внимаваме сите со пораките, поради тоа што навистина треба и ова политичко прашање конечно да спласне... Читать дальше...

Челик: Турција ќе отфрли понуда за партнерство со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Турција ќе ја отфрли секоја понуда за партнерство со Европска унија, изјави денеска турскиот министер за европски прашања Омер Челик. Тој рече дека предлозите како што е привилегирано партнерство или нешто слично не ги разгледуваат сериозно, наведувајќи дека на Турција не може да и се понуди такво нешто. Челик додаде дека моменталната ситуација не и дава на Турција причина да се придржува до Договорот за мигрантите постигнат со ЕУ. Пред две недели претседателот на Франција Емануел Макрон изјави... Читать дальше...

Црна Гора на 15 април ќе одржи претседателски избори

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на црногорскиот Парламент Иван Брајовиќ за 15 април ги закажа следните претседателски избори во земјата, со можен втор круг две недели подоцна доколку ниту еден кандидат на победи со повеќе од 50 проценти од гласовите во првиот круг. Актуелниот претседател Филип Вујановиќ беше на функцијата во два последователни петгодишни мандати, откако Црна Гора стана независна нација и повеќе не може да се кандидира. Тој веќе беше на функцијата кога земјата се одвои од Државната унија на Србија и Црна Гора, служејќи од 2003 година. Читать дальше...



Заев: Национален консензус за решение на прашањето за името

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев изрази оптимизам дека ќе се најде решение за прашањето за името со кое ќе се сочува достоинството на двете страни, а ќе биде придобивка за двете земји. Тој истакна дека за суштината на разговорите, предлозите и рамката што е испорачана не би требало да се зборува јавно за да не се уништат шансите во преговорите.  „Гледате дека се води транспарентен процес, сакаме национален консензус да го изградиме решението и на крајот граѓаните на референдум да го потврдат, убеден сум дека ако бидеме внимателни... Читать дальше...

Во Грција консултации, во Македонија претпазлив оптимизам

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија за в понеделник се најавени консултации за последниот сет идеи за името на посредникот Метју Нимиц, а во Грција веќе почнаа средбите и разговорите. Аналитичарите се умерени оптимисти за решавањето на спорот во скоро време.

Рускиот Уставен суд одби да ја разгледа жалбата на Навални

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот Уставен суд одби да ја разгледа жалбата на опозицискиот лидер и критичар на Кремљ, Алексеј Навални, за изборните закони употребени од властите да ја забранат неговата кандидатура на руските претседателски избори во март оваа година. Новинската агенција РИА денеска извести дека судот навел правни проблеми во приговорот на Навални. Руската Централна изборна комисија во декември ја одби кандидатурата на Навални за изборите на 18 март поради пресуда за кривични дела, за кои тој вели дека се политички мотивирани. Читать дальше...

Турција започна воена операција во сирискиот регион Африн

SlobodnaEvropa.mk 

Турскиот министер за одбрана Неретин Џаникли соопшти дека Турција започна воена операција против курдските борци во Сирија поддржани од САД во регионот Африн. Тој рече дека воената операција која ја подготви Анкара „де факто“ започнала на 19 јануари со прекугранично гранатирање на турските сили. Џаникли рече дека Анкара „нема опција“ и мора „да ги исчисти сите терористички елементи“ од северна Сирија на границата со Турција.Тој исто така рече дека Анкара и Москва ќе ги продолжат разговорите за воената операција. Читать дальше...

Можни ли се меѓуетнички тензии по Законот за јазици?

SlobodnaEvropa.mk 

Францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, смета дека има простор за подобрување на текстот на Законот за употреба на јазиците, бидејќи, како што вели, се работи за многу комплициран текст. Сепак, не верува дека истиот може да биде причина за нови меѓуетнички тензии во општествотo.

Узбекистан: двајца уапсени за поврзаност со милитантни групи

SlobodnaEvropa.mk 

Узбекистанската полиција уапси две лица за наводно регрутирање на членови за странски милитантни групи. Државната телевизија денеска информираше дека двајцата осомничени преку Фејсбук биле во контакт со групата „Ал-Тахид вал-Џихад“ базирана во Сирија. ВО извештајот се наведува дека тие исто така добивале финансиска помош од милитантната група. Имињата на осомничените не беа објавени, но државната телевизија наведе дека биле узбекистански државјани и жители на областите Олмазор и Јунусобод во Ташкент. Читать дальше...

Седум повредени во напад со секира во сибирско училиште

SlobodnaEvropa.mk 

Тинејџер од училиште во југоисточен Сибир со секира нападна група од помлади ученици, повредувајќи најмалку седум лица. Нападот утрово се случи во селото Соснови Бор каде што се наоѓа гарнизон на руските воздухопловни сили во регионот Бурјатија. Претставничката на локалниот огранок на Рускиот истражен комитет Светлана Петренко напаѓачот го опиша како ученик во деветто одделение во училиштето. Петренко рече дека момчето нападнало со секира нападнало група помлади ученици и наставник и запалило оган во училиштето со шише запалива течност. Читать дальше...

Администрацијата ќе се проветрува од партиски вработувања

SlobodnaEvropa.mk 

Власта со стратегии, закони и совети сака да ја реформира адиминистрацијата, за да биде стручна, а не партизирана. Процесот ќе биде долг, но мора да се направи, посочуваат аналитичари. Треба да се вработуваат стручњаци, оти тие се водат според правилата, а не според партиската волја, додаваат.

Трите последни години најтопли досега

SlobodnaEvropa.mk 

Трите последни години се најтопли досега, а темпото на глобалното загревање констатирано во овој период е „исклучително“, предупредија Обединетите нации. „Потврдено е дека 2015, 2016 и 2017 година биле најтопли воопшто регистрирани досега и оти е јасно дека тоа е поврзано со долгорочното загревање предизвикано од порастот на ефектот на стаклена градина во атмосферата“, соопшти Светската метеоролошка организација. „Новите податоци покажуваат дека светот забрзано се загрева“, изјави Дејв Реј, професор на Универзитетот во Единбург. Читать дальше...

Русија: неуспехот на нуклеарната спогодба со Иран ќе биде алармантен

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров предупреди во Обединетите нации дека неуспехот на иранската нуклеарна спогодба, особено како резултат од дејствувањето на администрацијата на Доналд Трамп би испратил „алармантна порака“ до целиот свет. Тоа, според Лавров, ќе ги доведе под прашалник и напорите да се убеди Северна Кореја да го прекине развојот на нејзината нуклеарна програма. Лавров го повтори руско кинескиот предлог за исклучително мирно решавање на севернокорејската криза.

Трамп и неговата прва година во светската политика

SlobodnaEvropa.mk 

На 20 јануари завршува првата годишнина на Доналд Трамп како претседател на САД. Година обележана со зголемени тензии со Северна Кореја, повлекување на Вашингтон од Парискиот климатски договор и прашања во врска со наводното влијание на Русија врз американските претседателски избори.

Димитров: Главен интерес е да го сочуваме идентитетот

SlobodnaEvropa.mk 

„Ние имаме втора шанса да си направиме вистинска, средена држава. И мораме да направиме се што можеме оваа втора шанса да ја искористиме“. Ова синоќа го изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју во Анализа 24. Тој додаде дека се разговара со раководството на Грција. „Нашите главни соговорници се владините претставници. Тие ја креираат надворешната политика. Нивниот главен интерес, од тоа што го гледаме, е да има појасна дистинкција меѓу нашата Македонија и нивната Македонија. Читать дальше...

Средба Ципрас Коѕијас за преговорите за името

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас го информирал грчкиот премиер Алексис Ципрас за текот на разговорите меѓу Македонија и Грција за спорот со името во Њујорк и за презентираните предлози од медијаторот Метју Нимиц. Веднаш по средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Алексис Ципрас, од премиерската палата, според грчките медиуми, се упатил кон Атинската архиепископија на работна вечера со архиепископот Јеронимос. По разменетите писма во однос на прашањето за името... Читать дальше...

Иванов: Да не се носат избрзани одлуки

SlobodnaEvropa.mk 

„Како претседател на Република Македонија, како и до сега, ќе продолжам да соработувам со Владата и ќе ги поддржувам суштинските европски реформи кои ќе произлезат од отворена и вистинска јавна дебата и околу кои ќе се постигне широк консензус“, порача претседателот Ѓорге Иванов, на синоќешниот прием за членовите на дипломатскиот кор, што се одржа во Гевгелија, по повод новогодишните и божиќните празници. Според Иванов, статус кво состојбата во интеграциите резултиралa со стагнација во реформите... Читать дальше...

Времето денеска: сончево и умерено облачно

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена локална облачност. Повремено ќе има појава на умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде под нулата, а дневната ќе се движи од 1 до 12 степени. Во Скопје и околината слично време со темепература до 9 степени.

Спорт в России и мире
Москва

В Московкой области сотрудник Росгвардии тренирует юных тхэквондистов


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Уимблдон

Рыбакина призналась, что её жизнь сильно изменилась после победы на Уимблдоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о сохранении экологии Севастополя





Путин в России и мире
Москва

Путин всё знал, но никого не предупредил: Немцы обвинили Москву в прорыве израильского Купола


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Денис Мацуев

Денис Мацуев представил музыкальный фестиваль в Ставрополе



Москва

Леон не выживет без помощника

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net