Џафери: Нема услови за расправа по Законот за јазици
Во Парламентот беше доставен пакет од над триесет илјади амандмани за Законот за јазици, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик во Македонија. Сите амандмани се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски изјави дека со постапката на поднесување на бројни амандмани за Законот за употреба на јазиците се обидуваат да упатат порака до СДСМ и ДУИ да размислат и да го прифатат тоа што го бараат мнозинството граѓани и експерти.
