Повеќето грци против употребата на Македонија во решението за името
Повеќето Грци не сакаат терминот Македонија да биде употребен во решението на спорот со името, покажува анкетата објавена вчера. Резултатите на анкетата направена за весникот „Прото тема“ покажуваат дека 68 насто се против употребата на името Македонија. Двете земји се согласија да формираат работни групи со цел изнаоѓање решение. Овие групи ќе бидат предводени од шефовите на дипломатиите кои деновиве изразија надеж за напредок на разговорите со медијаторот Метју Нимиц на 17 јануари во Њујорк.