Се разгоруваат насилствата во Венецуела
Насилствата во Венецуела се разгореа, откако лидерот на опозицијата Хуан Гваидо ја повика војската да помогне во соборувањето на претседателот Николас Мадуро, а САД го зголемија притисокот за промена на власта. Илјадници Венецуелци денеска излегоа на улиците на главниот град Каракас за поддршка на она што Гваидо го нарече „завршна фаза“ во преземањето на власта, додека неговите поддржувачи се собраа пред воздухопловна база.
Во судирите меѓу поддржувачите на Гваидо со безбедносните сили има 50-тина повредени.
Претставници на владата на Мадуро ги осудија постапките на Гваидо, како обид за државен удар и рекоа дека ја задржуваат поддршката од војската. Министерот за одбрана Владимир Падрино во обраќање до јавноста во придружба на луѓе во униформи рече дека војската ќе продолжи да ја брани „легитимната власт“.