Порасна бројот на загинати рудари во Украина
Бројот на загинати при експлозијата во рудник за јаглен во источниот дел на Украина стигна до 17 луѓе, откако сепаратистичките водачи поддржани до Русија кои го контролираат рудникот соопштија дека мртвите тела на рударите се извлечени од под урнатините. Бројката на загинати рудари беше соопштена откако заврши пребарувањето на полицијата и спасувачката мисија во која беа извлечени мртвите тела на рударите во селото Јуривка, територија која е контролирана од сепаратистите поддржани од Русија.
Спасувачките екипи од украинската влада немаа дозволен официјален пристап до оваа област. Во спасувањето учествуваше тим испратен од руското министерство за вонредни состојби по барање на сепаратистичките водачи.