Најмалку тројца загинале во Пакистан при експлозија на бомба
Најмалку тројца припадници на пакистанската паравоена безбедносна група беа убиени и неколкумина се ранети при експлозија на бомба во Северен Вазиристан. Пакистанските безбедносни служби соопштија дека бомбашкиот напад бил насочен кон контролен пункт на локално регрутирани племенски сили, познати како Хасадар во областа Шева, која е на 20 километри оддалеченост од границата со Авганистан.