Заев: Од исправноста на индивидуалните одлуки зависи иднината на државата
Премиерот Зоран Заев испрати порака за обединување по повод две годишнината од насилните напади во Собранието. Заев во Струмица изјави дека од исправноста на индивидуалните одлуки зависи иднината на државата. Тој посочи дека денешниот датум, 27 април е аларм кон што водат политиките на поделби и политиките на водење сметка само за лични интереси.
„На овој ден си ја спасивме земјата од злите намери на алчноста за власт. На овој ден, во домот на граѓаните ја одбранивме демократијата и застанавме на патот на автократијата. 27 април потсетува на нашата одгворност крвта пролеана за да се запре злото, да ја замениме со граѓански глас кој повикува да одиме напред,“ изјави Заев.
Заев истакна дека со изразена силна граѓанска волја и свест единствен пат е напред.