Пакистан стопира кампања за вакцинација по нападите на лекарите
Пакистан ја суспендира националната кампања за вакцинирање против детската болест Полио по минатонеделните убиства на здравствени работници кои беа дел од тимот за вакцинација. Министерството за здравство потврди дека кампањата е прекината и покрај новите случаи на заболени во северозападната провинција во Пакистан. Пакистан е една од трите земји во светот каде што болеста полио е застапена. Но, заканите од милитантите, суеверието на свештениците кои проповедаат против вакцинацијата, предизвикува многу од родителите да одбиваат да ги вакцинираат нивните деца.
Властите соопштија дека во текот на изминатата недела имало три напади врз лекарите кои биле на терен и дека во тимот за вакцинација биле вклучени и полицајци.