Српските власти немаат големи очекувања од состанокот во Берлин
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека нема големи очекувања од претстојниот состанок на лидерите на Западен Балкан во Берлин, на кој ќе учествуваат претставници од Приштина. Таа за српските медиуми истакнадека на овој Србија треба да покаже дека е стабилен и сигурен партнер посветена и подготвена за дијалог со Приштина веднаш по укинувањето на увозните такси.
Српскиот министер Ивица Дачиќ во интервјуто за руската РТ изјави дека овој состанок не е продолжение на дијалогот меѓу Белград и Приштина туку ќе се разговара за сите проблеми на Балканот. Дачиќ посочи дека не го дели ентузијазмот на косовскиот претседател Хашим Тачи дека договорот помеѓу Белград и Приштина може да се постигне и покрај сите тешкотии.
На иницијатива на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, лидерите на Западен Балкан ќе се состанат на 29-ти април во Берлин, меѓу кои и водачите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи.