Централната изборна комисија на Албанија денеска соопшти дека единствената македонска партија во земјата, Македонска алијанса за европска интеграција е регистрирана, со што и официјално партијата ќе учествува на јунските локални избори закажани за 30 јуни. На последните локални избори што се одржаа на 21 јуни 2015 година МАЕИ во трката за градоначалник учествуваше само со еден кандидат и тоа во општина Пустец, додека кандидатски листи за советници имаше во 16 од вкупно 61 општина.
Според албанскиот изборен законик, едно лице може да биде градоначалник во три мандати што подразбира дека Темелко нема право да учествува во трката за нов градоначалнички мандат исто како и уште четворица негови колеги.