Најмалку 15 загинати при експлозија во Шри Ланка
Над 15 мртви тела пронашла полицијата во Шри Ланка по експлозија на една куќа во која била спроведувана рација поврзана со потрагата по осомничените милитанти за терористичките напади на католичкиот празник Велигден. Портпаролот на полицијата соопшти дека рацијата ја спровеле со помош од војската и дека во градот Синтамаруту каде што било лоцирано исламистичкото скривалиште, се слушнале неколку експлозии.
Меѓу загинатите се и 6 деца. За време на рацијата биле пронајдени и експлозивни направи, детонатори, воени униформи и знамиња на екстремистичката група Исламска држава.