Иванов: Ги повикувам луѓето да се вклучат во духовна обнова на Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани, како и до сите верници на Евангелско-методистичката црква во земјава. Овој Велигден, како што се наведува во честитката, е посебен, бидејќи го празнуваме во пресрет на посетата на поглаварот на Католичката црква, папата Франциск. Длабоко верувам дека оваа посета е важен поттик за духовна обнова на Македонија, македонскиот народ и македонските граѓани, се наведува во честитката.
„Во оваа пригода и на овој Велигден сакам да ги повикам сите луѓе со чисти срца и со добра волја, независно од тоа дали припаѓаат на православната, католичката или протестантската гранка на христијанството или, пак, на сосема различна верска традиција или светоглед, да се вклучат во духовната обнова на Македонија. Ова е поттик да се вклучиме во изградба на хумано, праведно и слободно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество втемелено врз трајните етички и морални вредности, се наведува во честитката.