Путин и Лукашенко разговараа за испораката на руската нафта
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот белоруски колега Александар Лукашенко на денешната средба на маргините на кинескиот самит „Еден појас, еден пат“ во Пекинг разговараа за кризата која настана со прекинот на испорака на руска нафта преку старата нафтоводна мрежа Дружба, соопштија од кабинетот на Лукашенко.
Рускиот вицепремиер Дмитри Козак претходно изјави дека во Минск биле договорени со Белорусија, Украина и Полска заеднички мерки за отклонување на дефектите на старата мрежа Дружба во текот на наредните две недели.
Полска и Белорусија пред десетина дена соопштија дека ја прекинале испораката на руската нафта до европските земји затоа што поради одреден дефект нафтата била загадена и со многу слаб квалитет.