Хрватските синдикати со референдум против пензионирање на 67 години
Хрватските синдикати денеска започна со собирање на потписи за референдум со кој сакаат да го спречат заминувањето во пензија на 67 години, како што предвидуваат измените на Законот за пензиско осигурување. Собирањето на потписи ќетрае две недели, а за да мора да се покрене референдум за ова прашање потребно е синдикатите да соберат 380 илјади потписи, што е 10 проценти од вкупниот број на гласачи.
Синдикатите бараат да се врати старата возрасна граница од 65 години за одење во пензија и дополнително правото за предвреме заминување во пензија да биде на старосната граница од 60 години при што казнените пенали би се намалиле од 0,3 на 0,2 проценти.
Синдикалната иницијатива именувана на како „ 67 е премногу “ смета дека во буџетот има доволно пари за пензии само што тие пари не се праведно организирани.
Ресорниот министер, Марко Павиќ преку медиумите ги предупреди граѓаните дека евентуалната реализација на барањата на синдикатите ќе го чини државниот буџет за 45 милијарди куни до 2040 година, а пензиите кко последица на тоа ќе бидат пониски за пет до седум проценти.
Синдикатите го отфрлаат ваквото тврдење, посочувајќи дека со тоа Павиќ се обидува да ги заплаши граѓаните да не излезат и да се потпишат во знак на поддршка на барањето за референдум.