Сончево претпладне, врежливо попладне
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од осум до 12 степени, а дневната температура од 21 до 28 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до 10, а дневната температура до 27 степени