Руската државјанка Бутина осудена во САД на 18 месеци затвор
Американски судија ја осуди Марија Бутина на 18 месеци затвор, откако беше прогласена за виновна за дејствување како нерегистриран на руската влада. Пресудата објавена денеска од страна на судијката Тања Чуткан во Окружниот суд во Вашингтон, одговараше на тоа што го побараа обвинителите.
Чуткан исто така нареди Бутина да биде депортирана во Русија веднаш по завршувањето на нејзината затворска казна, која се очекува во јануари 2020 година, откако ќе се додаде времето кое таа го помина во притвор.
Пред изрекувањето на пресудата, 30-годишната Бутина на судот му рекла дека „длабоко“ жали и побарала милост од судот.
Чуткан ги отфрли аргуменитите на адвокатите на одбраната дека Бутина само сакала да гради врски со американски политички активисти, особено со конзервативците.