Русија ги критикува САД за забраната за патување на чеченскиот премиер
Русија ги критикуваше САД за наметнување на забрана за патување на чеченскиот премиер, ветувајќи неодреден одговор на овој потег. Министерството за надворешни работи денеска го објави соопштението, еден ден откако Стејт департментот објави дека го санкционира Муслим Кучиев наведувајќи дека „имаат веродостојни информации оти бил вмешан во тортура.“
„Одлуката објавена во Вашингтон за забрана Кучиев и неговата сопруга за влез во САД го одразува курсот кон понатамошно влошување на руско-американските односи“, соопшти Министерството на својата интернет страница.
„Се разбира таквите непријателски акции нема да останат без одговор. Но би сакале да му препорачаме на Вашингтон дека треба да размисли за фактот дека постојаното наметнување на санкции го покажува Вашингтон се повеќе во несоодветно светло“, се вели во соопштението.
Во соопштението на САД се вели дека Кучиев бил санкциониран според одредба во американското законодавство со која се предвидени санкции кога постојат „веродостојни инфорамции дека странски претставници биле инволвирани во значително коруптивни активности или кршење на човековите права.“
Во објавата на САД не се наведени детали за наводите за тортура.