Трамп му го честитал на Зеленски изборот за претседател на Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп телефонски разговарал со новоизбраниот украински претседател Володомир Зеленски, честитајќи му ја победата на вчерашните избори, соопшти Белата куќа.
Трамп му посакал на Зеленски многу успех, нарекувајќи ги изборите „важен момент во историјата на Украина“ и посочувајќи дека изборниот процес се одвивал во мирна и демократска атмосфера.
„САД ја искажуваат својата цврста поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина во нејзините меѓународно признатите граници“, истакнал американскиот претседател.