Убиени двајца припадници на Исламската држава во Русија
Рускиот истражен комитет соопшти дека биле „ликвидирани“ двајца припадници на Исламската држава во безбедносна операција во централна Русија. Во рацијата во сибирскиот град Тјумењ биле пронајдени две експлозивни направи и средства за производство на бомби, соопшти Комитетот. Руските агенции уште вчера објавија дека во тек е „антитерористичка операција“ во Тјумењ, каде што биле чуени истрели.
Според руските власти, двајцата осомничени „планирале терористички напади во регионот“.
Се проценува дека околу 2000 руски државјани се бореле на страна на Исламската држава во Сирија и во Ирак.