Најмалку 20 загинати при бомбашки напад во Пакистан
Најмалку 20 луѓе загинале, а 48 се ранети при последниот бомбашки напад во југозападен Пакистан. Полицијата соопшти дека автомобилот бомба бил паркиран во близина на пазарот во Квета. Меѓу загинатите има и две деца, а седум деца се одведени во болница поради повреди. Според полициските претпоставки, бомбардирањето имало за мета членови на шиитската заедница Хазари.