Мас: Скопје и Атина покажаа дека се исплати прагматично решавање на проблеми
Скопје и Атина покажаа дека се исплати конфликтите да се решаваат прагматично и да се работи на доверба на соседите, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас по состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите кои се дел од Берлинскиот процес што се одржува во Варшава.
Мас вели дека Западниот Балкан е од големо значење за Германија, која се залага за зајакнување на врските меѓу луѓето и економските простори во регионот, пренесува Дојче веле.
На состанокот во Варшава на кој учествува и министерот за надворешни работи на Северна Македонија Никола Димитров, се разговара за ситуацијата на младите луѓе на Западниот Балкан, посебно нивното учество на пазарот на труд.