Заев: Гледаме голема бизнис соработка преку иницијативата 16+1
Република Северна Македонија силно ја поддржува иницијативата 16+1. Веруваме дека има огромен потенцијал за да ги унапредиме нашите партнерства, но и да креираме нов економски и бизнис потенцијал. Соработката на НР Кина со земјите од ЦИЕ е одлична платформа и дополнителен канал за комуникација и соработка на нашата земја со НР Кина во повеќе различни сектори, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на првиот ден од Самитот 16+1 (Кина и 16 земји од централна и источна Европа) во Дубровник, Хрватска.
Тој додаде дека „Република Северна Македонија го финализира своето членство во НАТО оваа година и е фокусирана на отворањето на преговорите со ЕУ и дека во тој правец иницијативата 16+1 е комплементарна со овие напори“.
Со Заев во Дубровник се и вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за култура, Асаф Адеми.