Франција не разгледувала опции да му понуди азил на Асанж
Француската државна секретарка за европски прашања, Амели де Моншалан, денеска изјави дека француската Влада не ја разгледува можноста да му понуди политички азил на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, освен ако тој самиот не го побара тоа.
„Ние би требало да слушнеме што тој сака, бидејќи не му нудиме азил на никого кој не го бара тоа“, изјави Моншалан за радиото Франс-Интер, пренесоа новинските агенции.
Таа нагласи дека иако Европа има посебни мерки за заштита на „свиркачите“, Франција досега не добила никакво официјално барање од Асанж. Изјавата на Моншалан следи откако францускиот адвокат на Асанж, Хуан Бранко апелираше до претседателот на Франција, Емануел Макрон да интервенира за да го извлече основачот на „Викиликс“ од затворот во Лондон.