САД и ЕУ: воените власти во Судан да вклучат цивили во транзицијата
САД и ЕУ ја повикаа суданската војска која вчера го собори претседателот Омар ел Бешир по 30 години на власт, да вклучи цивили во новата влада. Портпаролот на Стејт департментот Роберт Паладино изјави дека транзицијата треба да биде побрзо од две години. Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини пак, оцени дека само инклузивен политички процес може да донесе политички и економски реформи во Судан.