Вицас - Меѓународна мрежа стои зад мобилизацијата на мигрантите во Грција
Зад мобилизацијата на мигрантите и бегалците во Дијавата стои меѓународна мрежа на криумчари, вели министерот за миграциска политика на Грција, Димитрис Вицас. Тој вели дека ист обид, но без успех имало и во Грција и во Турција.
„Станува збор за меѓународна мрежа, меѓународни криминални банди. Не говориме за еден човек што ќе земе 10-20-30 луѓе за да ги пренесе преку различни патчиња или преку Еврос или со чамци. Тоа се цели мрежи. Без да го кажувам со сигурност, но го кажувам ова и според моето мислење ќе излезе дека е точно“, вели Вицас во интервју за грчкото радио „Њуз247“, пренесува МИА.
Соработуваме со Министерството за цивилна заштита за да видиме кои стојат зад ова бидејќи голем број од луѓето беа жртви на дезинформација, вели тој.