Нема да се гласа на 82 избирачки места, имаат помалку од 10 гласачи
Во 82 избирачки места во државата, распоредени во 28 општински изборни комисии нема да се гласа на изборите бидејќи на тие места има помалку од 10 гласачи, информираше ДИК, која има обврска за ова да ги извести гласачите од тие изборни места.
Овие избирачи своето демократско право на глас ќе може да го остварат во најблиското избирачко место кое не е оддалечено повеќе од 3 километри од нивното место на живеење.