Ердоган: Опозицијата не може да прогласи победа, многу е мала разликата
Разликата во гласови за двајцата кандидати на изборите во Истанбул е премала за опозицијата да прогласи победа, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и додаде дека неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) бара повторно пребројување на гласовите за да се спротивстави на, како што рече „организираниот криминал“.
Првичните резултати од минатата недела покажаа тесна победа на гласањето за градоначалник на Истанбул на кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП). АКП на Ердоган поднесе жалба на резултатите за сите 39 области во Истанбул, што доведе до повторно пребројување на гласовите во најголемиот турски град, каде има 10 милиони гласачи. Вчера АКП побара повторно пребројување на сите гласови.