Прекршочни постапки за 7 декани поради анкетните листови
Од вкупно 28 декани за кои Државната комисија за спречување на корупцијата започна постапка, 23 поднеле анкетни листови за имотната состојба, додека пет сè уште немаат поднесено. Од Антикорупциска подвлекуваат дека донеле заклучок да се поведе прекршочна постапка за декани на државните универзитети и тоа од (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип и Универзитет „Мајка Тереза“-Скопје) кои немаат доставено анкетни листови.
„По прибавување на податоци и документација, утврдено е дека деканите Влатко Шешов, Роберта Апостоловска, Ратко Дуев, Зоран Ракиќевиќ и Драгана Кузмановска имаат доставено анкетни листови надвор од законски утврдениот рок, додека деканите Ќиро Ивановски и Кирил Сотировски воопшто немаат доставено анкетни листови. Државната комисија за спречување на корупцијата против сите седум наведени декани ќе ја продолжи прекршочната постапка. За останатите декани, по прибирање на потребните информации и документација, ДКСК ќе продолжи да постапува согласно своите надлежности“, изјавиле од ДКСК за весникот „Независен“.