Времето денеска облачно, температурата до 21 степен
Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, информираат од Управата за хидрометеролошки работи. Од таму прогнозираат дека попладне, претежно во западните делови од земјата, можно е да има локален дожд и ретки грмежи, а ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 11 до 21 степен.