Од Владата децидни дека химната останува иста
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната пресс конференција изјави дека националната химна останува иста и текстуално и инструмнтално. Тој нагласи дека некогаш не се разговарало химната да претрпи измени.
“Химната во ниту еден момент не била спорна. Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз националната химна. Како потврда во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор во повеќе различни прилики националната химна била интонирана пред официјални грчки претставници како што беше кревањето на знамето на НАТО пред зградата на Владата”, рече Бошњаковски.
Одговарајќи на новинарско прашање портпаролот, Миле Бошњаковски, денеска уште еднаш ги објасни и причините зошто за време на вчерашниот пречек на грчкиот премиер, Алексис Ципрас, пред Владата, не била интонирана македонската химна.
“Вчера поради доцнење при слетување на авионот со грчкиот премиер Алексиск Ципрас беа изоставени сите свечени активности при дочекот, кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната, меѓу другото, и пред Владата", изјави Бошњаковски.
Toj дополни дека пред неколку дена, на националниот ден на Република Грција на прием организиран од грчката амбасада се инторнирала нашата химна, како и дека на спортски натпревари нашата сениорска репрезентација играла во Република Грција и тогаш се инонирала нашата национална химна.
“Ова се примери кои докажуваат дека химната никогаш не била спорна” рече Бошњаковски.