Експлозијата во Санкт Петрсбург се истражува како обид за убиство
Eксплозијата во воената академија во Санкт Петерсбург, во која беа повредени четворица студенти, се испитува како обид за убиство. Истражниот комитет денеска, неколку часа по експлозијата на Мохајската академија, објави дека експлозијата се испитува како "обид за убиство со умисла на две или повеќе лица со опасен метод".
Во соопштението се наведува дека експлозијата се случила кога експлодирал "неидентификуван објект" - очигледно не граната или тешка бомба.
Не се именува осомничен за нападот. Новинската агенција Интерфакс наведува дека неименуван службеник кој е близок на истрагата, рекол дека властите веруваат оти кадет, наставник или член на персоналот кој има пристап до зградата би можело да стои зад експлозијата.