Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Апрель
2019

Ципрас: Грција ќе биде силна поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ

0
Ципрас: Грција ќе биде силна поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ

„Го менуваме наративот на национална омраза и поделби. Градиме нов наратив на соработка, разбирање и заеднички раст. Успехот на овие напори не е успех само за Грција и Северна Македонија и туку е успех на целиот Балкан и Европа"изјави премиерот на Грција Алексис Ципрас на заедничката пресс конференција со премиерот Зоран Заев во Владата. Тој нагласи дека верува оти се обидуваат заедно со македонскиот премиер да изградат поинаква историја за Балканот.

Tој рече дека ова е прва официјална посета на грчки премиер на земјава  и  дополни дека  30 години биле  потребни за да се воспостават нормални односи  и оти  затоа сега  треба да се трча, и да  брза за да се  премостат тие јазови.

"Разговаравме за градењето на соработка во рамки на НАТО, но и на ниво на регионот. Грција ќе  ја подржува Северна Македонија во напорите да продолжи со реформите и  да стане дел од ЕУ. Во регионот Северна Македонија може да одигра важна улога, оти е држава која ги поврзува Грција и Србија. Најважното прашање на разговорите беше економијата и тоа не може да биде поинаку, оти мораме да забрзаме. И покрај тешкотиите, има многу грчки претприемачи кои работат и се активни во Северна Македонија. Воспоставивме координативен комитет кој ќе ги поддржува економските потфати., рече Ципрас.

Премиерот на грчката влада, Алексис Ципрас, одговарајќи на новинарско прашање во врска со античките споменици кои беа дел од проектот „Скопје 2014“, рече дека наскоро ќе се затворат дилемите по оваа прашање и дека на нив им е местото во античкото грчко минато.

„Верувам дека со започнување на спроведувањето на договорот и климата на доверба меѓу двете држави ќе успееме да ги увериме сите во позитивните резултати од договорот. Се соочивме со лажни вести, но кога ќе креираме нови работни места, кога ќе го зголемиме приливот на туристи и слично, тогаш постепено сите ќе ја сфатат штетата од изминатите децении кога не можевме да ги решиме нашите спорови.За трговските знаци, ќе има експертска група под надзор на МНР која ќе се обиде да ги реши тие проблеми. Комитетот ќе дискутира и за археолошки прашања од областа на културата. Спомениците од античка Македонија и нивното распоредување и именување ќе расчисти дека тие се дел од античкото грчко минато. Овие споменици припаѓаат на светот, дел се од светското наследство, ќе ни биде драго кога ќе ги ставите имињата на спомениците. Халкидики е моја омилена туристичка дестинација, но и на Зоран“, рече Ципрас.

До средина на мај треба да се формира комитет од зеднички екперти кои ќе ги решаваат отворените прашања.

Премиерот Зоран Заев истакна дека од договорот цела земја ќе имаме бенефит, и дека тој договор ќе го подобри животот на сите граѓани во Република Северна Македонија.

"Деновиве Алексис упати повик до ЕУ да отпочнат преговори за членство на Северна Република Македонија во Унијата. Ова Ципрас го направи со цел да се уназади национален национализмот и да се постигне напредок меѓу народите”, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Премиерот Заев истакна дека денеска за прв пат во историјата Република Северна Македонија е домаќин на грчки премиер. ,,Денешниот ден е историска одредница. До сега гледавме пропуштени прилики и залудно изгубено време. Пред нас има можности и заеднички интереси. Два народи кои покажаа дека со храбри одлуки она што до вчера беше невозможно сега е реалност”, рече Заев.

Според премиерот Заев,спроведувањето на Преспанскиот договор кој во целост продолжува да се имплементира овозможува двете земји максимално да ги искористат политичките и економските капацитети.

Премиерот Зоран Заев, на заедничката прес конференција со грчкиот премиер Ципрас информираше дека ќе се отвори нов граничен премин со соседна Грција кај Кавадарци си цел подобрување на економската

,,Јас и Ципрас во име на двете влади потпишавме акционен план што го договорија министрите на билатералните средби. До средина на мај ќе се формира експертска група за упототреба на договорот и името како и имплементација на договорите за соработка во одбраната и залагањето на Грција за наш влез во ЕУ. Со овие договори создаваме соработки кои го подобруваат животот на нашите сограѓани”, рече Заев.

Со Советот за соработка помеѓу двете држави ќе претседаваат премиерите на државите.

По средбата со премиерот Зоран Заев, грчкиот премиер Ципрас ќе оствари средба со претседателот на Собранието на СРМ, Талат Џафери. Исто така двајцата премиери денеска заеднички ќе го отворат и бизнис форумот на кој ќе учествуваат повеќе од 400 стопанственици.

Премиерот Заев за крај упати порака до сите граѓани во земјава да создаваат пријателство со соседите од Грција исто како и тој што го создал своето пријателство со Ципрас изминатите неколку месеци.






Загрузка...


Губернаторы России
Москва

Собянин: Судоверфь в районе Нагатинский Затон заработает в конце года


Спорт в России и мире
Москва

Московское "Динамо" возглавило турнирную таблицу РПЛ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Свентек выиграла титул WTA в Мадриде


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Лесной северный олень Прохор переехал в Керженский заповедник из зоопарка





Путин в России и мире
Москва

Ушаков: Путин и Пашинян расставят точки на «и»


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Польский судья приехал в Минск и попросил защиты у Лукашенко




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

Гордон заявила, что вместе с Кудрявцевой готова оплатить Волочковой психиатра



Москва

В Екатеринбурге 7 мая перекроют центр города ради генеральной репетиции парада Победы

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net