Тројца ранети во експлозија во руска воена академија
Три лица се повредени во експлозија во воена академија во Санкт Петерсбург, објавија руски медиуми повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана. Неидентификуван објект експлодирал во просторијата за комунални работи на академијата, а повредените добиле медицинска помош и нивните животи не биле во опасност, се наведува во извештаите.
Според руски медиуми, експлозијата се случила во просторијата на вториот кат и 20 лица биле привремено заглавени откако се урнале скалите. Новинската агенција Интерфакс наведува дека жртвите на експлозијата може да се питомци во академијата.