Tурски воен хеликоптер се урна во населба во Истанбул, најмалку четворица мртви
Најмалку четворица војници загинаа кога во станбениот кварт Санџактепе во Истанбул се урна турски воен хеликоптер, јави Анадолија. Во инцидентот е повреден еден војник. Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот. На местото на инцидентот пристигнаа повеќе возила на полицијата и Брзата помош. Не е познато дали има жртви на земја, имајќи предвид дека хеликоптерот паднал меѓу станбени згради.