Дармановиќ: Црна Гора ќе гласа за прием на Косово во Интерпол
Односите со Србија се „најдобри и најстабилни од независноста на Црна Гора, а соработката е интензивна“, изјави шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ за Радио телевизија Црна Гора (РТЦГ), додавајќи дека Црна Гора ќе гласа за прием на Косово во Интерпол.
“Ние ги поддржуваме властите во Белград, Србија да стане членка на Европската Унија”, истакна Дармановиќ, потсетувајќи дека Белград не е заинтересиран за патот кон НАТО и дека во тоа постои друга политика на двете земји.
Тој додаде и дека „Црна Гора нема да се занимава со преговорите меѓу Косово и Србија“, потенцирајќи дека го очекува нивно продолжување.
“Црна Гора повторно ќе гласа за Косово да биде членка на Интерпол, бидејќи не постои причина зада се промени оваа одлука. Ние сме им пријатели и на двете страни, не сакаме политички тензии во регионот, бидејќи кога нив ги има ние како мала земја, секогаш сме биле изложени на нив,” оцени црногорскиот министер за надворешни работи.