Гватемала повика на евакуација поради вулкан
Властите во Гватемала ги повикаа жителите на шест населени места да се евакуираат на безбедна локација поради сè посилната ерупција на вулканот Фуего во централниот дел на земјата. Се соопштува дека вулканската активност не покажува знаци на опаѓање и дека е потребна евакуација за да се заштитат луѓето.
За време на ерупцијата на вулкан во јуни загинаа 194 луѓе, а најмалку 234 се водат како исчезнати, иако организациите кои им помагаат на локалните жители тврдат дека исчезнале илјадници луѓе.