Одложено судењето за предавство на Јанукович
Судењето за предавство на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович во Киев е одложено поради тоа што тој беше хоспитализиран во Русија. Судијата одлучи дека судењето ќе продолжи на 5 декември и дека се очекува Јанукович да го даде завршниот збор преку видео врска, дури и од болничкиот кревет ако е сè уште болен. Неговиот адвокат рече дека Јанукович бил итно примен во болница во Москва на 16 ноември поради повреди на ‘рбетот и коленото. На Јанукович, кој е во егзил во Русија, му се суди во отсуство.
Обвинителството бара доживотен затвор за Јанукович под обвинение за предавство, преземање чекори со кои се нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и соучесништво со Русија.
Јанукович побегна во Русија во 2014 година, по протестите предизвикани од неговата одлука да го напушти договорот со ЕУ и да го подобри економските односи со Москва.
По неговото соборување од власт, Русија го анектира Крим и го поддржа проруските сепаратисти во источна Украина.