Уапсен директорот на Нисан
Јапонскиот автомобилски производител Нисан соопшти дека планира да го разреши претседателот на компанијата Карлос Гош по наводите дека користел пари на компанијата за приватни цели и направил и други сериозни неправилности. Јапонските медиуми објавија дека Гош, кој е на чело на алијансата Рено-Нисан-Мицубиши, е уапсен. Тој е една од најпознатите личности во автомобилската индустрија.
Нисан соопшти дека по дојава од укажувач неколку месеци го истражувале Гош, како и уште еден од раководителите, Грег Кели.
Акциите на Рено денеска паднаа за 12 отсто на берзата во Париз по објавувањето на информацијата.
Бразилецот Гош е човекот кој ги оживеа Рено и Нисан во 90-тите години од минатиот век. Во 2017 година, Рено-Нисан-Мицубиши стана најголем светски продавач на лесни возила, надминувајќи о германски Фолксваген.